Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален на 58,8 проценти, СДСМ да одговори за наследените обврски

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален на 58,8 проценти, СДСМ да одговори за наследените обврски

    09.09.2026 во 09:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт. ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

    Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба  да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

    Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

    Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

    Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

    И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

    Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.