Author: Author 04

Вчера во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот. Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид, до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов, соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево. „Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени. Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка,…

Повеќе

Вчера во 21:06 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп, и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (32) од Крушево. Во несреќата, возачот на возилото „опел вектра“, Н.З., се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. Со телесни повреди се здобила сопатничката С.Б. (29) од Прилеп, како и возачот на „ланд роверот“ А.Џ., при што…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства. -Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до 12 март годинава довела во заблуда повеќе лица, така што лажно прикажувала факти преку социјалната мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете…

Повеќе

Хрватска се соочува со продолжување на серијата анонимни дојави за поставени експлозивни направи. Овој понеделник, училишта, редакции и градски администрации во Загреб, Сплит, Риека и Дубровник беа цел на заканувачки е-пораки, што предизвика итна евакуација на образовните институции и полициски проверки на терен. Полициските власти потврдија дека постапуваат согласно строгиот протокол за вакви ситуации. „Полициските службеници веднаш стапија во контакт со одговорните лица, а се спроведуваат процедури за верификација“, соопштија од полициските управи. Во Загреб, каде меѓу другото беше евакуиран и Природно-математичкиот факултет „Владимир Прелог“, полицијата врши детални контрасаботажни инспекции. Овој нов бран доаѓа само неколку дена откако минатата недела,…

Повеќе

Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен во среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државава, поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе

Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, откако ќе ја испроектира Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради. Во меѓувреме во Прилеп работиме и на голем број инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп. Тој заедно со градоначалникот Проданоски извршија увид во реконструкција на улицата “ Кеј 1-ви Мај”, проект кој се работи преку Министерството за транспорт. Вицепремиерот најави силна подршка од Владата за Прилеп и нови проекти за развој на градот. “Овој проект за реконструкција на улицата Кеј 1 -ви Мај е подржан од Министерството за…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 ден/кг.Од 28.4.2026 година од 00:01…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината. Од локалната самоуправа информираат дека исплатата ќе се реализира по редоследот на поднесените барања и се очекува да заврши до крајот на оваа недела. Комисијата задолжена за процесот продолжува со работа со цел навремена и ефикасна реализација. -Финансиската поддршка е значајна активност која обезбедува повеќе сигурност и достоинство за највозрасните граѓани. Локалната самоуправа е посветена на креирање политики за заштита на животниот стандард на граѓаните. Од Општина Бутел нагласуваат дека остануваат посветени на креирање и спроведување политики за…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, при денешниот увид во градежните работи на Универзалната сала, го коментираше актуелниот случај „27 април“, оценувајќи го како политички монтиран процес од страна на претходната власт. Според премиерот, квалификацијата „тероризам“ е целосно несоодветна за она што се случило. Мицкоски призна дека имало престап за кој требало да се одговара, но остро ја критикуваше судската квалификација на настанот. „Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Тие направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, но не како терористи“, изјави премиерот. Тој изрази жалење…

Повеќе