Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска од Охрид: Фискалната отпорност се гради пред кризата, регионалниот раст мора да се базира на продуктивност
    • СДСМ: Власта задоцни со превенцијата од западнонилска треска, прв случај регистриран и во Свети Николе
    • СДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?
    • ДУИ бара одговорност од Касами за знамето во Тетово: Изоставено албанското, а поставено знамето од Вергина
    • Лефков: Се премолчува исплатата на долговите кон земјоделците и растот на пензиите
    • Тешко повреден 16-годишен малолетник откако паднал од електричен тротинет во Тетовско
    • Спречен влез на пиперки од Македонија и грозје од Турција во Бугарија поради пестициди
    • Силно невреме ја зафати Словенија: Железничкиот сообраќај во целосен прекин, нема струја, паднати дрвја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска од Охрид: Фискалната отпорност се гради пред кризата, регионалниот раст мора да се базира на продуктивност

    Димитриеска-Кочоска од Охрид: Фискалната отпорност се гради пред кризата, регионалниот раст мора да се базира на продуктивност

    10.09.2026 во 11:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалното оpкружување останува исклучително сложено. Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но и врз фискалниот простор за одговор на секој нов шок.

    Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во воведното обраќање на Регионалната конференција „Охрид 2026“.

    „Една од најважните лекции од последните години е дека фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребен. Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне. Таа се гради претходно, преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка. Тоа е и пристапот што Република Македонија го следи во својата среднорочна фискална политика“, рече министекрата.

    Таа додаде дека во време на континуирана неизвесност и мултиполарна фрагментација, како и зголемен јавен долг како резултат на фискалната поддршка за време на пандемијата и енергетската криза, балансирањето помеѓу реалните потреби и можности е вистински предизвик за јавните финансии и затоа Владата избра пат на постепена и одговорна фискална консолидација, со истовремена посветеност на надминување на слабостите од минатото во планирањето и управувањето со јавните инвестиции.

    Министерката се осврна на тоа дека фискалната консолидација не смее да биде механички процес на намалување на расходите, а ефикасноста на наплатата на приходите не треба да  произлегува од зголемување на товарот на оние кои веќе редовно ги исполнуваат своите обврски.

    Потенцира дека на економиите од регионот им се потребни повисоки стапки на раст, којшто клучно  е да не се темели само на поголема потрошувачка, туку да биде воден од продуктивноста. Според министерката треба да се стави силен акцент на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, особено ако се имаат предвид климатските промени, кои оваа година особено го погодија европскиот континент.

    „За земјите од Западен Балкан, стабилноста и растот не се спротивставени цели.Тие мора да се градат заедно. Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот. Инвестициите не значат занемарување на долгот. Социјалната заштита не значи трајно зголемување на неефикасните расходи. Доколку треба да ја сумирам политиката што ја следиме во Македонија, би ја свела на четири принципи: стабилност, отпорност, инвестиции и продуктивност. Некои од нашите земји денес можеби се надвор од еврозоната. Но, тие не се надвор од европската економска реалност. Затоа нашата одговорност е да изградиме јавни финансии кои ќе бидат доволно стабилни да ги апсорбираат шоковите, но и доволно флексибилни да го поддржат развојот“, истакна Димитриеска-Кочоска и порача да создадеме економии кои нема само да реагираат на кризите што доаѓаат однадвор, туку ќе имаат сопствен капацитет за раст.

    Прочитај повеќе

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Мицкоски од Штип: Правиме методологија да ја задржиме цената на струјата или да ја поевтиниме

    09.09.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.