Author: Author 04

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13 часот на патната делница Шабац-Рума, во близина на клучката Хртковци. Во несреќата животот го загубија три лица, додека две лица се здобија со телесни повреди. На терен веднаш пристигнаа екипи на итната помош, кои ги згрижуваат настраданите. Извор упатен во случајот за „Телеграф.рс“ потврди: „Три лица загинаа на лице место, а две се повредени. Екипи на брза помош се на местото на настанот и им пружаат помош на повредените“. Според првичните сознанија, се сомнева дека до трагедијата дошло откако возило се вклучило во погрешна сообраќајна лента, движејќи се во спротивна насока на…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска пред Комисијата за надворешна политика во Собранието го презентираше извештајот за сработеното во изминатиот двегодишен период, оценувајќи го пристапот на државата преку три клучни постулати. „Ако треба да ја сумирам надворешната политика во изминатите две години, тоа би било во три збора, а тие се: достоинство, резултати и визија“, изјави Муцунски, појаснувајќи ја стратешката определба на Министерството. Тој потенцираше дека надворешната политика не смее да биде арена за партиски надмудрувања, туку простор за национално единство. „Достоинство – затоа што националниот интерес не се брани со агресивна реторика, туку со јасни…

Повеќе

Вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица Мајка Тереза, пред влез за Клинички центар „Мајка Тереза“- Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од село Волково, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Т.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово е малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач, исто така,…

Повеќе

Во сабота во 22:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(29) од Скопје пријави дека на 20.04.2026 околу 19:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Е.Ќ., А.А. и Н.С., при што Н.С. му се заканил и со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон. Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што еден од нив извадил и нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од село Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „бмв“, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ Е.Б.(23), додека со телесни повреди 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х.(21) од село Кондово, скопско, З.И.(22) од Скопје и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од село Раовиќ, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(26), М.Т.(35), И.Р.(31), М.Д.(37), М.Ј.(19) и М.П.(34)  сите од Скопје, Ј.Ѓ. (30) од с.Црешево, скопско и Н.А.(21), затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на Денот на високи гости на воената вежба „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак. Пофалбите за високата подготвеност и компатибилност на нашата лесна пешадиска единица со НАТО стандардите ги искористи за да испрати порака до Европската Унија. Сиљановска-Давкова истакна дека воената вежба докажала дека во НАТО владеат јасни, мериторни стандарди кои не дозволуваат импровизација – или се исполнуваат, или не. Таа направи паралела со евроинтеграцискиот процес, апелирајќи ЕУ да го примени истиот принцип преку Копенхашките критериуми. „Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со…

Повеќе

„Мицкоски денеска повторно зборува за името, стои во објавата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на X. „Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници.Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат.Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши.Доаѓа времето на вистината.“, напиша Филипче. Мицкоски денеска повторно зборува за името.Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот…

Повеќе