- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело “обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ. Од страна на судија…
Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“. Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, деловниот сектор, како и меѓународни организации и професионални тела, вклучително и претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) и CFE Tax Advisors Europe, со цел отворање на суштински дијалог за иднината на сметководствената професија. Програмата на годинешната конференција вклучува повеќе…
По неколку месеци судење, судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет за телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, денеска влезе во својата финална фаза. Обвинителството и одбраната ги соочија своите аргументи во завршните зборови, пред судот да ја донесе конечната пресуда. Обвинителството, преку прецизираниот обвинителен акт, останува на ставот дека доказите се недвосмислени. Медицинските вештачења, аудио-снимките и сведочењата на семејството, според обвинителката Бојчевиќ, јасно ја оцртуваат состојбата на безизлезност во која живеела Ивана Јовановска, подложена на постојан страв и притисок. Истакнато е дека медицинското вештачење на обвинетиот не утврдило душевно заболување, туку доминанта потреба од контрола и манипулација.…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска одржа прес-конференција на која упати остри критики кон лидерот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека неговата политика е директно насочена против националните интереси. Според Петрушевски, опозицијата е спремна на сè, вклучително и на распродажба на јазикот, културата и идентитетот, само за да се врати на власт. „Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии“, истакна Петрушевски. Тој тврди дека за раководството на СДС не претставува проблем македонскиот јазик да биде претставен како бугарски дијалект,…
„Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши. Е тоа е нивниот лажен патриотизам. Наводно го бранат идентитетот, а приватно земаат бугарски, европски пасоши“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче нагласи дека премиерот се обидува да ја негира реалноста и критиките кои доаѓаат од Европа, но фактите се јасни, посочуавјќи ги изјавите на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц. „Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека ‘во последната година не видовме никаков…
Кибербезбедноста денес е клучен фактор за отпорноста на државата и за функционирањето на економијата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на бизнис-конференцијата посветена на новата регулатива за безбедност на мрежните и информациските системи, организирана од „Македонски телеком“. Министерот истакна дека во ера на целосна дигитализација, отпорноста станува основа на трансформацијата, при што секој киберинцидент може да има системски импликации. Тој се осврна на новиот Закон за безбедност на мрежните и информациските системи, кој е усогласен со европската NIS2-директива, посочувајќи дека неговата суштина е надминување на фрагментираниот пристап. „Со законот првпат поставуваме јасни линии на одговорност, дефинираме управување со киберризик…
Судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи минатата година, денеска влезе во својата најтешка фаза. Во судницата во КПУ „Идризово“ беа презентирани над 60 обдукциски наоди кои ја открија страшната вистина за последните моменти на настраданите, меѓу кои доминираат млади луѓе на возраст од 16 до 25 години. Вештачењата недвосмислено потврдија дека сите жртви настрадале од насилна смрт. Најголем број од нив, над 50 лица, починале од интоксикација (труење) со јаглерод моноксид, откако густиот и отровен чад за кратко време го исполнил просторот на дискотеката. Меѓу имињата на жртвите на кои им се прекинати животите…
Денеска во Скопје, Македонски Телеком организираше бизнис конференција под мотото „Следно ниво на дигиталната безбедност“, на која присуствуваа бројни претставници од деловниот сектор, институциите и експерти од областа на сајбер безбедноста. Конференцијата беше посветена на актуелните предизвици во дигиталната безбедност, новата регулатива и современите решенија за заштита од сајбер закани. Посебен фокус беше ставен на новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усогласен со европската NIS2 директива, како важен чекор во зајакнувањето на националната сајбер безбедност. „Сајбер безбедноста денес повеќе не е избор, туку клучен приоритет. Затоа новиот закон е многу важен чекор за зајакнување на дигиталната безбедност…
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи…
Орце Ѓорѓиевски, на покана на премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на четвртата седница на Советот за реформи во јавната администрација. Главниот фокус на дискусијата беше поставен врз потребата од градење на функционална, ефикасна и одговорна држава, што е еден од приоритетните процеси за напредок на земјата. Според Ѓорѓиевски, клучниот предизвик лежи во подигнувањето на капацитетите на институциите, унапредување на услугите кон граѓаните и сеопфатна дигитализација на сите процеси. „Цврсто верувам дека Македонија може да оди напред само ако администрацијата работи побрзо, поефикасно и професионално. Институциите мора да комуницираат меѓусебно, да функционираат беспрекорно и да покажат целосна одговорност пред граѓаните“, истакна…
