Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минус температури утрово – најстудено во Берово
    • Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев: Борбата против финансискиот криминал бара координиран одговор без граници

    Јанев: Борбата против финансискиот криминал бара координиран одговор без граници

    10.09.2026 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (10.09.2026) учествуваше на “Билатералната вежба Северна Македонија–Грција за меѓусебна правна помош во случаи на финансиски криминал”, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    Вежбата е насочена кон унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции од двете земји, преку размена на искуства, информации и најдобри практики во постапувањето со случаи поврзани со финансиски криминал и прекугранични криминални активности.

    „Безбедноста нема граници. Затоа и нашата соработка не смее да има граници“, истакна директорот Јанев, нагласувајќи дека криминалот не познава граници, криминалните мрежи се поврзуваат, а финансиските текови често минуваат низ повеќе држави.

    Затоа, како што посочи Јанев, одговорот на институциите мора да биде заеднички, навремен и координиран – преку директна размена на информации, ефикасна меѓусебна правна помош, финансиски истраги, следење на сомнителни трансакции и размена на податоци од значење за истрагите.

    Како соседни земји, двете држави имаат посебна одговорност за зајакнување на безбедносната соработка и создавање механизми кои ќе овозможат институциите да бидат чекор пред криминалот.

    „Нашата цел не е само да реагираме кога криминалот ќе се случи. Целта е заеднички да бидеме чекор пред него – преку навремено споделување информации, координирани постапки и ефикасна правна помош“, порача Јанев.

    Тој нагласи дека ваквите вежби се особено значајни бидејќи овозможуваат практично тестирање на механизмите за соработка и унапредување на процедурите за постапување во сложени прекугранични случаи.

    „Таму каде што криминалот гледа граница како можност за криење, ние треба да гледаме можност за уште посилна соработка. Силни институции, тесно поврзани партнери и заедничка одговорност се основата за побезбедни граѓани и постабилен регион“, истакна директорот на БЈБ.

    Прочитај повеќе

    Минус температури утрово – најстудено во Берово

    07.10.2026 во 09:56

    Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“

    07.10.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.