Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Државната лотарија е на граѓаните, не е партиска каса на Мицкоски

    Филипче: Државната лотарија е на граѓаните, не е партиска каса на Мицкоски

    10.09.2026 во 16:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната лотарија е на граѓаните и не смее да се претвора во партиска каса на Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со проневерените и нетранспарентно потрошени 5 милиони евра за организација на прославата на независноста. Филипче посочи дека станува збор за пари со кои располага компанија која што е во целосна државна сопственост, што значи дека тоа се народни пари и мора да се трошат транспарентно и во интерес на граѓаните.

    „Одлуката на Владата, излезе на виделина, од 167-та седница, на која што јасно се укажува на Акционерското друштво АД Лотарија, целосно, стопроцентно во сопственост на државата, што значи парите со кои што тоа претпријатие располага се на граѓаните, не на некоја приватна компанија, не на некои донатори, да се организира оваа прослава со целосно 5 милиони евра народни пари, пари на граѓаните“, рече Филипче.

    Филипче побара Владата да ја објави документацијата и да даде отчет пред граѓаните за тоа како се потрошени нивните пари.

    „Бараме да се каже јавно и гласно, освен тоа што Владата има обврска затоа што мора транспарентно да работи, да го објави записникот од владената 167-ма седница, да каже и кој од тие кои што учествуваат во овој спектакл со народни пари, додека граѓани гладуваат, кој колку пари земал од ексклузивно народните пари, пари на граѓаните од Државната лотарија, која што е во 100% сопственост на државата, односно на граѓаните“, рече Филипче.

    На прес-конференцијата Филипче праша зошто средствата од државната Лотарија не се за помош на граѓаните во овие кризни времиња кога се е поскапено а животниот стандард е урнисан.

    „Зошто дивидендата од Државната Лотарија не се намениле за нешто друго?Зошто не се зголемиле субвенциите на земјоделците. Зошто не се намениле за лековите кои што недостасуваат? Зошто не се намениле за подобрување на состојбата и инфраструктурата во некое училишта? Зошто не се намениле за зголемување на социјалната помош?. Зошто дел барем од парите не се намениле да се зголемат пензиите? Зошто барем дел од парите не се намениле да се зголеми минималната плата?“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.