Author: Author 04

Денешното рочиште во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мина во напната атмосфера. Пред почетокот на изведувањето на доказите, одбраната на првообвинетиот, сопственикот Дејан Јованов – Деко, поднесе барање за замена на мерката притвор со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно влошена здравствена состојба. Ова барање наиде на бурна и негативна реакција кај присутните родители на жртвите, кои будно го следат процесот. Адвокатката на Јованов, Ивана Коцевска, пред судот апелираше за „хуманост“, тврдејќи дека притворските услови не се соодветни за неговата здравствена состојба. „Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше…

Повеќе

Вчера во с. Бродец, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода Ф.Ј. (26) од скопско, затоа што со патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без жиг и документација. Во понатамошната постапка е утврдено и дека возилото е со истечена важност на сообраќајната дозвола, а Ф.Ј. немал возачка дозвола. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Повеќе

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) започна со реализација на проектот за доградба на наплатната станица „Миладиновци“. Со цел да се избегнат метежите и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на градежните активности, од претпријатието упатија апел до сите учесници во сообраќајот во наредниот период да ја користат наплатната станица „Петровец“ како алтернативна рута. Од ЈПДП посочуваат дека ова пренасочување е неопходно за да се намали времето на чекање и да се обезбеди побрз проток на возила. Наплатната станица „Петровец“ веќе располага со целосно функционален систем за електронска наплата, што овозможува ефикасен премин без задржувања. Доградбата на…

Повеќе

Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата, продолжува денеска во судницата во КПУ „Идризово“. Предвидено е изведување на материјалните докази, со што постапката влегува во нова, клучна фаза. Тимот обвинители што го застапува предметот, вчера на брифинг со медиумите информираше дека сослушувањето на вербалните докази е при крај. Останати се уште неколку сведоци, вклучително и лица кои поради здравствени причини не се во состојба да сведочат, како и едно лице кое престојува во странство. Обвинителството најави дека за овие сведоци ќе се бара читање на нивните искази. Фокусот на денешното…

Повеќе

Денеска пред Основниот суд се изнесуваат завршните зборови во судскиот процес против Стојанче Јовановски. Тој се товари за тешки кривични дела, вклучително и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во рамки на семејно насилство и загрозување на сигурноста. Случајот го следи јавноста со внимание, со оглед на тоа што обвинението се однесува на настани кои завршија со трагичен исход. На претходното рочиште, обвинетиот Јовановски го изнесе својот исказ, негирајќи дел од наводите на обвинителството. Тој тврдеше дека брачните односи со сопругата се влошиле по 2022 година, при што посочи и на конфликти со…

Повеќе

Денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија на ул.„11-ти Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, информираа од МВР. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници

Повеќе

Претрес во тетовска Голема Речица, лишени од слобода две лица-администратори на нелегален онлајн пазар, одземени компјутери и телефони Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи. Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000…

Повеќе

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекуваат повремен локален дожд, со услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 20 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност, слаб променлив ветер и дневна температура до 25 степени. Сепак, од средината на неделата се очекува промена на временските услови. Како што соопштуваат од Управата за…

Повеќе

Иран е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина доколку САД ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и војната против Исламската Република, соопштија регионални претставници. Техеран истовремено предлага прашањата околу неговата нуклеарна програма да бидат предмет на дискусија во подоцнежна фаза од преговорите. Понудата пристигнува во време на зголемени тензии по почетокот на израелско-американската воена операција на 28 февруари. Како што пренесува „Аксиос“, иницијативата е пренесена до Вашингтон преку Пакистан, откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја посети Русија, клучниот сојузник на Техеран. Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно потврди дека Иран испратил „многу подобра“ понуда, официјален Вашингтон останува…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска информираше дека надлежните институции веќе постапуваат по случајот со врсничкото насилство во училиште во Ѓорче Петров. Училиштето ги презело сите законски мерки, вклучително и пријавување во полиција и во социјалните служби, но Јаневска упати апел до родителите за поголема вклученост во воспитувањето на децата. „Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива информации за ваквите настани и презема мерки. Во соработка со компании, со Бирото за развој на образованието, постојано подготвуваме упатства, прирачници како да се постапи во вакви случаи. Постапено е како што треба и во овој случај,…

Повеќе