Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Објавени списоците: Над 500 домаќинства добиваат ваучери за инвертер клими за 2026 година

    Објавени списоците: Над 500 домаќинства добиваат ваучери за инвертер клими за 2026 година

    10.09.2026 во 14:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објави списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.

    За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.

    Поддршката е наменета за:

    • Домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита;
    • Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.

    Списоците со добитници се јавно достапни на официјалната веб-страница на Министерството.

    Од Министерството упатија апел сите добитници навремено да го реализираат стекнатото право, посочувајќи дека постапката се одвива во неколку едноставни чекори. Добитниците треба најпрво да ја проверат својата е-пошта за да ги добијат Решението за стекнато право, Записникот/прашалникот за пополнување по монтажата и соодветниот баркод или QR-код.

    Потоа, документите треба да се испечатат и заедно со кодот да се однесат во едно од овластените правни лица кои имаат склучено договор со МЕРМС за реализација на мерката. По извршената набавка и монтажа од страна на компанијата, задолжително се пополнува доставениот записник.

    Крајниот рок за искористување на потврда-ваучерите е 15 октомври 2026 година, по што истите нема да можат да се искористат. За сите дополнителни прашања или евентуални проблеми со документите, граѓаните можат да се обратат до Министерството на е-поштата ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk или на телефонскиот број 071 320 384.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.