Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европол пресече криминална мрежа од Балканот: 50 приведени, претреси во Словенија и Шпанија
    • Муцунски за Ива Михајлова: Владата не може да се меша во судската постапка, но бугарски лекари можат да ја проверат нејзината состојба
    • Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти
    • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
    • „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов
    • Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот
    • Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија
    • ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?

    Филипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?

    10.09.2026 во 13:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата веднаш да го објави записникот од 167. седница и да каже кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра за прославата на независноста, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

    Филипче обjави документи кои потврдуваат дека Мицксоски лажеше кога рече дека „нула денари“ се потрошени за прославата на денот на независноста и кои потврдуваат дека преку АД Лотарија, која е целосно во сопственост на државата, за организирање на прославата биле издвоени 5 милиони евра народни пари.

    „Ова што се случи со проектот за прослава на независноста, како и во многу други сценарија и во други случаи, е една голема проневера на пари. Практично арамискиот концепт на владеење на оваа власт“, обвини Филипче.

    Филипче потенцираше дека Записникот од 167. седница и Отворениот повик покажуваат дека средствата биле обезбедени преку АД Лотарија.

    „Акционерското друштво АД Лотарија, целосно, стопроцентно во сопственост на државата, што значи парите со кои што тоа претпријатие располага се на граѓаните. Зошто беше потребата, премиерот, да лаже, иако тоа е негово однесување, и да кажува дека не се потрошени ниту еден денар народни пари за оваа прослава. Лотарија распишува јавен повик, не класична тендерска постапка, зашто веројатно се прекршува законот за спонзорство, затоа што кажува дека согласно тој закон е правена оваа постапка“, рече Филипче.

    Филипче додаде дека не се знае ниту кој одлучувал за распределбата на 5 милиони евра и според кои критериуми била избрана компанијата што го организирала настанот.

    „Ниту знаеме кој што одлучувал за 5 милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми е доделена оваа набавка на компанијата која што го организирала настанот. Зошто парите на граѓаните, зошто дивидендата од Државната лотарија не се намениле за нешто друго? И бараме одговор на тоа прашање“, рече Филипче.

    При тоа, само неколку месеци претходно, таа иста компанија добила пари од Државна лотарија за некои други активности. Никој не знае за кои и какви.

    „Зошто парите од дивидендата на Државната лотарија не се намениле за исплата на субвенциите на земјоделците? Зошто не се намениле за нешто во здравството? Зошто не се намениле за лековите кои што недостасуваат. Зошто дел барем од парите не се намениле да се зголемат пензиите? Зошто барем дел од парите не се намениле да се зголеми минималната плата?“, рече претседателот на СДСМ.

    Филипче побара да се објави кој и колку пари добил за учеството во прославата.

    „Не се знае кој и колку од луѓето што учествувале во таа прослава, земале точно пари. Се знае само вкупната сума на пари од 5 милиони евра. Бараме да се каже јавно и гласно. Освен тоа што Владата има обврска, затоа што мора транспарентно да работи, да го објави записникот од владената 167. седница, да каже и кој од тие кои што учествуваат во овој спектакл со народни пари, кој колку пари зема од ексклузивно народните пари, пари на граѓаните од Државната лотарија“, потенцираше претседателлот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ за Груби: Стотици илјади евра се ставаат на маса, додека младите заминуваат

    08.10.2026 во 11:23

    ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука

    08.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.