- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на Протоколот за постапување со лица без државјанство, заедно со министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. На настанот беше истакнато дека Протоколот претставува важен инструмент за унапредување на институционалната координација и за обезбедување системски пристап во идентификувањето и решавањето на случаите на лица без државјанство. Министерот Тошковски во своето обраќање нагласи дека Министерството за внатрешни работи има проактивен пристап во справувањето со овој предизвик, потенцирајќи дека државјанството претставува основно човеково право и предуслов за остварување на низа други права…
Градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Александар Стојкоски извршија увид во активностите за реконструкција на пешачките патеки на територијата на општина Ѓорче Петров. Станува збор за потег со должина од четири километри, кој според надлежните, е еден од најфреквентните во овој дел од градот. Проектот опфаќа целосно обновување на патеката која со години беше во лоша состојба. Покрај градежните работи на самата патека, планирано е и уредување на нови зелени коридори, со садење нови дрвја и уредување на зелените површини долж улицата. Целта на оваа акција, како што наведоа Ѓорѓиевски и Стојкоски, е подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и зголемување…
Вчера во 13:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје приведоа малолетник затоа што околу 11:40 часот со тврди предмети нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.В.(48) од Народна Република Кина затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека приложил фалсификувана патна исправа. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Вчера во 22:15 часот во СВР Скопје, Н.С.К.(40) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18:10 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во неколку наврати околу средината на март, како и во текот на овој месец, нејзиниот малолетен син, додека се возел во автобус, бил вербално малтретиран од иста група од четворица малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонските земјоделци добија долгоочекувана вест од Брисел – средствата од ИПАРД програмата се повторно достапни за располагање, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Оваа одлука доаѓа како директна потврда од европските институции дека системот функционира беспрекорно. Според информациите од министерот Трипуновски, по спроведените анализи, Брисел констатирал дека нема никакви неправилности во постапките на македонските институции. „Брисел утврди дека нема неправилности во постапките, системот функционира, а институциите постапуваат правилно, транспарентно и во интерес на земјоделците“, истакна Трипуновски.
Денешното рочиште во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше обележано со сериозен инцидент и тензии. Пред почетокот на претресот, одбраната на првообвинетиот, сопственикот Дејан Јованов – Деко, побара негово пуштање во куќен притвор поради влошена здравствена состојба. Ова барање предизвика бурна реакција кај родителите на жртвите присутни во судницата. Изреволтирани, тие почнаа гласно да извикуваат „срамота“, а низ судницата ечеа и заканувачки тонови: „Пуштете го, ние ќе му пресудиме!“. Адвокатката на Јованов, Ивана Коцевска, апелираше до судот да покаже „хуманост“, тврдејќи дека притворските услови се несоодветни за неговата здравствена состојба. „Барам судот да покаже малку човечност…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потврди дека се води интензивна истрага за случајот со врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче. Тој информираше дека досега на разговор се повикани 14 лица, меѓу кои и родители на ученичките, а во координација со Јавното обвинителство се преземаат соодветни процесни дејствија. „Ова е сериозен проблем кој нè засега сите и кој ќе остане во фокусот на Министерството за внатрешни работи. Потребен е мултиинституционален и системски пристап. Апсолутно значајна е и улогата на родителите – нивната вклученост во воспитувањето и образовниот процес“, изјави Тошковски. Министерот нагласи дека борбата против врсничкото насилство не смее…
Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. Признанието се доделува по повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на настан организиран од релевантни домашни здруженија и институции од оваа област, каде беа наградени компании кои во текот на 2025 година, преку инвестиции и имплементација на…
