- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства. ДЗР констатирал неефикасно управување со овие стратешки проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Алексадар Велјановски. Од владејачката партија посочуваат дека поради ова проектот доцнел со години, а граѓаните плаќале милионски суми за провизии без да добијат инфраструктурен резултат. „Дополнително, ДЗР тогаш предупредил и на ризик од губење 61 милион евра ИПА-грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8“, се вели во соопштението. Александар Велјановски побара соодветна реакција од правосудните…
Премиерот Христијан Мицкоски ја изманипулира јавноста кога тврдеше дека прославата за Денот на независноста чинела „0 денари“, реагираа денеска од опозициската СДСМ. На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека портпаролката на Владата потврдила оти за прославата се потрошени над 5 милиони евра преку АД Државна Лотарија. „Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се…
Највисоки температури во земјава претпладнево во 11 часот се измерени во Гевгелија со 30,8 степени, Демир Капија со 30,5 и Велес со 30,2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според официјалните мерења на УХМР во 11 часот (09:00 UTC), температури блиски до 30-тиот степен се регистрирани и во Кавадарци (29,5 °C), Зајчев Рид во Скопје (29,1 °C), Виница (28,8 °C) и Берово (28,6 °C). Во останатите градови и мерни станици се измерени следниве температури:
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во источна Швајцарија, а во која учествувал автобус со холандски таблички. Според соопштението од швајцарската полиција, возилото удрило во заштитната ограда, излетало од патот во кантонот Граубинден и се превртело на страна. Портпаролот на полицијата за швајцарската радиотелевизија SRF потврди дека има повеќе жртви и повредени, но сè уште не го прецизираше нивниот точен број. Според информациите на агенцијата Франс прес, во автобусот се наоѓале 48 лица. Патниците во понеделникот тргнале на патување до Австрија и назад, пренесува агенцијата dpa.
Општина Карбинци реализираше низа капитални и инфраструктурни проекти во изминатата година, информираше денеска градоначалникот Виктор Паунов за време на презентацијата на отчетот за својата работа. Во фокусот на локалната самоуправа беа инвестициите во образованието, каде што е изграден нов училиштен објект во Радање и се врши доградба на градинката „Кокичиња“ за дополнителни 100 деца. Паралелно, општината доделува по 5.000 денари за првачињата, средношколците-прваци и бруцошите, како и 10.000 денари за новороденчиња. На планот на патиштата и уредувањето, пуштена е во употреба пешачката патека Таринци – Карбинци со должина од 1,5 километри, а се градат и нови улици со поддршка од…
Српската влада го продолжи рокот за поднесување барања за субвенции за купување нови електрични возила. Наместо до 30 септември, граѓаните, претприемачите и компаниите ќе можат да аплицираат до 1 декември 2026 година. Измената е веќе објавена во „Службен весник на Република Србија“, но од надлежните напоменуваат дека продолжувањето не гарантира достапност на средствата до тој датум, бидејќи поддршката се доделува по редослед на пристигнати барања до исцрпување на буџетот. Висината на државната помош се одредува според категоријата на возилото. За нов електричен автомобил или лесно комерцијално возило до 3,5 тони е предвидена субвенција од 5.000 евра. За електрични мотоцикли, тешки…
Казни до 200 евра за возење сам во лента за повеќе патници: Европа воведе паметни камери за контрола
Возењето сам во лента резервирана за повеќе патници во Шпанија и Франција станува сè поскапо, благодарение на новиот систем камери кои автоматски го детектираат бројот на лица во возилото. Системот во Шпанија го контролира движењето на таканаречените VAO ленти, каде што услов за движење е присуство на најмалку две лица во автомобилот. Прекршителите на ова правило се соочуваат со казна од 200 евра. Технологијата овозможува препознавање на регистарските таблички и броење на патниците додека возилото е во движење, со што сообраќајот не се прекинува за рачна контрола. Франција применува аналоген систем на обиколницата Boulevard Périphérique во Париз, како и на…
Татко на ученик од петто одделение е осуден на шест месеци затвор и веднаш е пренесен во затворот во Сес, откако се заканувал дека ќе обезглави наставничка во училиште во градот Фаго, јужно од Тулуз. Покрај затворската казна, судот му изрече забрана за приближување до училиштето и до наставничката во времетраење од три години, забрана за поседување оружје во следната година, обврска да посетува курс по граѓанско образование, како и да ѝ исплати на жртвата симболична отштета од едно евро. Јавниот обвинител претходно предложи казна од шест месеци со носење електронска нараквица и мерки за забрана за контакт и приближување…
Позадината на нападот во загрепската средна школа, во кој маскиран ученик со нож избоде свој врсник и хигиеничарка, лежи во судирот меѓу двајцата ученици од прва година што се случил претходниот ден. Според неофицијалните информации на Index.hr, напаѓачот и нападнатиот ученик претходниот ден влеговте во вербална расправија. За време на каницата, напаѓачот отворено му се заканил на врсникот со зборовите „чувај ме се“ (чувај се од мене), за изутрината околу 8 часот да се појави во училиштето вооружен и со фантомка. Учениците ко пред училишната зграда во Конавоска улица раскажуваат дека напаѓачот влегол во објектот со фантомка преку целото лице…
Петок, 11 септември, носи динамична енергија, потреба за расчистување на старите дилеми и можност конечно да се донесат одлуки кои долго време биле одложувани. За некои знаци денот ќе биде особено поволен на финансиски план, други ќе почувствуваат голема промена во љубовта, додека дел од Зодијакот ќе мора да покаже повеќе трпение во комуникацијата. ОВЕН Денес ќе имате чувство дека работите конечно почнуваат да се движат во насоката што ја посакувате. На професионален план можно е да добиете информација, повик или предлог кој ќе ви отвори нова перспектива. Сепак, не реагирајте импулсивно и не ветувајте нешто што подоцна тешко ќе…
