Највисоки температури во земјава претпладнево во 11 часот се измерени во Гевгелија со 30,8 степени, Демир Капија со 30,5 и Велес со 30,2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според официјалните мерења на УХМР во 11 часот (09:00 UTC), температури блиски до 30-тиот степен се регистрирани и во Кавадарци (29,5 °C), Зајчев Рид во Скопје (29,1 °C), Виница (28,8 °C) и Берово (28,6 °C).
Во останатите градови и мерни станици се измерени следниве температури:
- Штип: 28,5 °C
- Струмица и Ѓуриште: 28,3 °C
- Битола: 28,1 °C
- Крива Паланка: 27,9 °C
- Прилеп: 27,3 °C
- Тетово: 27,2 °C
- Тополчани: 26,6 °C
- Претор: 26,4 °C
- Охрид: 26,2 °C
- Пожаране и Радовиш Пожар: 25,5 °C
- Крушево: 24,9 °C

