Author: Author 04

За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоција на реконструираниот аеродром во Охрид. “ Мислам дека нема поубав ден од Денот на независноста, 8-ми септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. Еден објект којшто низ белата боја го доловува она…

Повеќе

Екс- градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, и неговата сопруга добија син на денешниот празничен ден, 8 Септември. Брачниот пар му го даде името Никола на своето новороденче. Костадинов ја сподели радосната вест преку објава на социјалните мрежи, во која му посака добродојде на својот син. „Добредојде на свет, наш Никола! Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија. Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине!“, напиша тој. Костадинов упати и празнична честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста. „Честит 8 Септември,…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на нафтата и енергенсите значително ќе паднат по завршувањето на конфликтот со Иран. Тој ги изнесе своите предвидувања за трендот на цените на горивата преку порака на социјалната мрежа Truth Social. „Цените на нафтата ќе паднат, како и се друго, но уште повеќе кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе биде 3 долари за галон, но на крајот ќе биде под 2 долари за галон. Се ќе се случи брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, наведе Трамп во својата објава. Актуелните статистички податоци во САД покажуваат дека дизел горивото…

Повеќе

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати честитка до граѓаните по повод 35-годишнината од независноста на земјата, нагласувајќи дека оваа годишнина е момент за потсетување на поминатиот пат, но и за дефинирање на идниот правец на државата. Во своето обраќање, тој се осврна на историскиот контекст и важноста на Охридскиот мировен договор. „35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија е момент да се потсетиме на патот по кој поминавме како држава и како општество, но и сериозно да размислиме каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Оваа држава не е изградена за еден ден,…

Повеќе

Жителите на дел од улицата „Герника“ во скопската општина Кисела Вода утре ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. Прекинот е најавен за утрешниот ден, 9 септември 2026 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците лоцирани на подулиците со број 3, 5 и 7. По завршувањето на планираните зафати на терен, снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано.

Повеќе

Со инвестиција од 2,7 милиони евра заврши модернизацијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде што е реконструиран патничкиот терминал, проширен е чек-ин просторот, зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, а зголемен е и бројот на шалтери. На официјалното пуштање во употреба, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со преземените активности значително се подобрува квалитетот на услугите за сите корисници. Со ова охридскиот аеродром добива поинаква динамика, поинакво светло поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува. Оваа година…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режи,. „По повод државниот празник– „Ден на независноста на Република Северна Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“, се наведува во соопштението на МВР. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе

Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници. Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Повеќе

Дваесет и деветгодишен таксист од Скопје е уапсен откако, според полицијата, со закана со остар предмет ограбил 26-годишен државјанин на Кина. Случајот се случил ноќеска околу 1:50 часот на подрачјето на општина Аеродром. Таксистот претходно го превезол кинескиот државјанин до бараната дестинација, а потоа му побарал да плати повисока сума од реалната цена на превозот. Откако патникот не се согласил, осомничениот му се заканил со остар предмет и му одзел пари. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати празнична честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, потенцирајќи дека референдумската одлука од пред 35 години го крунисала вековниот стремеж за суверена држава. Во својата празнична порака, Ѓорѓиевски се осврна на историското значење на датумот и предизвиците со кои се соочувала земјата. „На 8 Септември, пред 35 години, македонскиот народ јасно и одлучно ја избра независноста. Со историската референдумска одлука беше крунисан вековниот стремеж за сопствена, слободна и суверена држава, што ги чува нашиот македонски јазик, идентитет, култура, историја и вековно постоење“, истакнува Ѓорѓиевски. Тој подвлече дека државата успеала…

Повеќе