Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ахмети по повод 8 Септември: Да го зачуваме изграденото, државите не се ослабуваат со еднаквост

    Ахмети по повод 8 Септември: Да го зачуваме изграденото, државите не се ослабуваат со еднаквост

    08.09.2026 во 12:004 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати честитка до граѓаните по повод 35-годишнината од независноста на земјата, нагласувајќи дека оваа годишнина е момент за потсетување на поминатиот пат, но и за дефинирање на идниот правец на државата.

    Во своето обраќање, тој се осврна на историскиот контекст и важноста на Охридскиот мировен договор.

    „35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија е момент да се потсетиме на патот по кој поминавме како држава и како општество, но и сериозно да размислиме каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Но, многу години, дел од нејзините граѓани, Албанците и другите немнозински заедници, не се чувствуваа како нејзин рамноправен дел. Уставните измени од 1989 година, начинот на кој беше воспоставен уставниот поредок на почетокот на 90-тите години, како и исклучувањето на Албанците и другите заедници од клучните процеси на создавањето на државата, создадоа длабок јаз меѓу државата и дел од нејзините граѓани. Тоа беше историска неправда, но и неодржлив државен модел. 2001 година беше токму соочување со оваа реалност“, истакнува Ахмети.

    Тој потенцираше дека настаните од 2001 година го промениле начинот на кој функционира државниот систем.

    „Охридскиот мировен договор не измени само одредени уставни одредби. Тој ја промени филозофијата на функционирањето на државата. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Албанците не бараа друга држава. Напротив, се обврзаа заедно да ја градат оваа држава. Оттогаш, патот не беше лесен. Интеграцијата на една заедница која со децении беше држена настрана од институциите, администрацијата, културата, образованието и јавниот живот не можеше да се случи преку ноќ. Беа потребни реформи, политички напори и, пред сè, промена на начинот на размислување. Во овој процес, Демократската унија за интеграција го гледаше интегрирањето на Албанците и немнозинските заедници не како исклучување на некој друг, туку како градење на пофункционална, подемократска и поправедна држава. Тоа е и суштината на Охридскиот мировен договор“, соопштува тој.

    Лидерот на ДУИ исто така изрази загриженост за одредени актуелни процеси во општеството.

    „Дваесет и пет години по Охрид, важно е да не заборавиме дека неговите резултати не ѝ припаѓаат само на една заедница или на една партија. Тие се дел од трансформацијата на самата држава. Охридскиот договор ја зајакна унитарноста на државата, правејќи ја подемократска. Ја направи постабилна, правејќи ја поинклузивна. И создаде основа врз која земјата продолжи по патот кон НАТО и Европската Унија. Затоа, секој обид Охридскиот договор да се претставува како закана за државата е враќање назад во дебата на која историјата веќе го даде својот одговор. Денес, мојата загриженост не е само за она што е постигнато, туку и за она што може да се изгуби доколку заборавиме зошто беа потребни промените од 2001 година. Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени“, предупредува Ахмети.

    На крајот, тој ги позва сите чинители кон одржување на заложбите за европска иднина.

    „Северна Македонија во која јас верував и за која работев е држава на сите нејзини граѓани, унитарна, демократска и европска држава, изградена врз еднаквоста и меѓусебното почитување. Албанците давале и ќе продолжат да даваат свој придонес во нејзиното градење и зајакнување. Но, за тоа е потребна заедничка волја секој граѓанин да ја чувствува оваа земја како своја, а секоја заедница да се препознава себеси во нејзините институции. На 35-годишнината од независноста, мојата порака е едноставна: Да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред. Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува. Затоа што европската иднина на Северна Македонија не се гради со намалување на правата на некого, туку со зголемување на довербата меѓу сите. Честита 35-годишнина од независноста на Република Северна Македонија! Напред, заедно!“, се заклучува во честитката.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат

    06.10.2026 во 12:11

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.