- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Поранешниот командант на Здружената команда на силите на романската армија, генерал-потполковник Дорин Јонита, е пронајден мртов во својот дом во Паулешти, округ Прахова. Шеесет и едногодишниот генерал бил пронајден со прострелна рана во главата, а покрај неговото тело е пронајден пиштол „Глок“ што го поседувал легално, објавува романски „Либертатеа“. Неговата сопруга ги известила властите откако тој наводно ја напуштил куќата во текот на ноќта со оружјето и престанал да се јавува на телефон. Од Полициската управа на округот Илфов изјавија: „Во текот на ноќта, околу 1:24 часот, полицијата била известена од жена на возраст од околу 60 години, која пријавила…
Информација споделена на социјалните мрежи предизвика загриженост меѓу туристите, откако се појави вест дека чакал наводно влегол во камп во Неос Мармарас и го нападнал детето кое било во шатор. Според објавата на Инстаграм страницата „Grčka info“, која пренесува содржини од Фејсбук групи, инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ во кампот Мармарас. Животното најпрво влегло во кампот, а потоа се приближило до шаторот каде што се наоѓало детето, кое според тврдењата претрпело повреди на лицето и било пренесено во болница. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за овој настаните, ниту пак е независно потврдено дека станува збор…
Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе зајакната акциска контрола на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на електрични тротинети. “При контролата, констатирани се 33 прекршоци, поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти, управување со електричен тротинет од страна на лице кое не навршило 18 години, некористење рефлектирачки елек во случаи кога тоа е предвидено со закон и други прекршоци. Дополнително, при контролата биле констатирани и 300 прекршоци од друг вид. За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки…
Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР, соопшти ЈОРМ.Од ЈОРМ известуваат дека се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.
Европската централна банка (ЕЦБ) отвори јавна анкета која ќе трае до 21 септември 2026 година, преку која граѓаните на Европа можат да го избегнат претпочитаниот предлог за дизајн на новата серија евро банкноти. Ова претставува прв целосен редизајн на банкнотите од нивното воведување во 2002 година. На крајот на јули, ЕЦБ презентираше десет предлози за дизајн засновани на две тематски насоки – „Европска култура“ и „Реки и птици“. Првата тема ги слави заедничките културни простори, наследството и значајните европски личности, додека втората ја истакнува природната разновидност и екосистемите на континентот. Дизајните беа селектирани преку ЕУ-натпревар на кој пристигнаа над 1.200…
Вчера во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријави дека на 06.09.2026 околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга од беровско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.На 09.06.2026 во Тетово, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете.
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.К.(66) од с.Ново Село, скопско, пријави дека околу 20:00 часот забележал дупка на капак од буре, кое било во дворот, по што во бурето пронашол зрно од огнено оружје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.
По преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, соопштија од МВР. Кривичната пријава се однесува на настанот од 06.09.2026 година, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул. „Војдан Чернодрински“ во Скопје, кога од мотоцикл со две лица било пукано со огнено оружје кон група лица. При пукањето, А.М.(26) од Скопје бил погоден со проектил, по што со возило на Итна медицинска помош…
Здружението „Макам-транс“ информира дека најавениот протест на превозниците од четирите држави на Западен Балкан, закажан за 14 септември 2026 година, нема да се реализира. Одлуката е донесена по средбата со претставници на дел од земјите членки на Шенген зоната, преку Мисијата на Европската Унија во Белград. Според соопштението, превозниците се договориле да не ги затвораат граничните премини кон Европската Унија, со цел да покажат добра волја и да избегнат нарушување на синџирот на снабдување со стоки. Оваа одлука доаѓа како резултат на даденото ветување дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање решенија за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната…
