Author: Author 04

Најмалку 21 лице загина, а четворица беа сериозно повредени во челен судир на два минибуси-такси, по што на нив налетал и трет автомобил на автопат во Јужна Африка. Несреќата се случила во недела навечер во покраината Западен Кејп, на делницата меѓу Принц Алберт и Лиу-Гамка, приблизижно 380 километри источно од Кејптаун, според податоците од Корпорацијата за управување со патниот сообраќај. Од надлежните институции посочуваат дека билансот „може да се промени бидејќи службите за итни случаи и властите на Западен Кејп продолжуваат да го истражуваат местото на несреќата“. Според полициските информации, три лица кои беа итно пренесени во болница по несреќата…

Повеќе

Тројца загинаа во падот на мал авион што се случи во понеделникот во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Еркеленц. Леталцето се урнало во поле и целосно изгорело/уништено е, при што од него останала само опашката. Според податоците од терен, „цесна 172“ полетала во понеделник наутро од област северно од Утрехт, Холандија, по што влегла во германскиот воздушен простор кај автопатот А52. Околу 11:20 часот авионот почнал да се соочува со проблеми од засега непознати причини во реонот на Гердерат. Портпаролот на полицијата за германски „Билд“ ја потврди трагедијата: „Во авионот имало три лица. Сите тројца загинале во падот.“…

Повеќе

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани вкупно седум пациенти заболени од западнонилска треска, од кои двајца се во тешка состојба. Според оценките на директорот на Клиниката, Фадил Цана, ситуацијата со вирусот почнува да стивнува. Во текот на последнава недела, да не кажам и десет дена, само еден суспектен хоспитализиран пациент, додека другите се истите шест потврдени пациенти, од кои два се потешко болни и сè уште се на респираторна поддршка и се наоѓаат во Одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се на Одделот за невроинфекции, изјави Цана. Двата најтешки случаи се сè уште без подобрување.…

Повеќе

Вчера во 01.00 часот во ОВР-Прилеп, 22-годишна прилепчанка пријави дека  во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот татко У.О., кој употребил и  дрвен предмет. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.М.(41) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Пријавениот во Виница извршил премостување на мерната опрема, при што преземал делумно или во целост нерегистрирана количина на електрична енергија и притоа на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и нанел штета во вкупен износ од 181.972 денари.

Повеќе

Вчера околу 12:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ч.(60) од Скопје пријави дека на 10.08.2026 неговиот син А.Ч.(29) му кажал дека ќе оди кај негови другари и редовно контактирале телефонски до 01.09.2026. Но, од 01.09.2026 до сега немале никаков контакт. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.    

Повеќе

Министерот Тимчо Муцунски попладнево во Скопје оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас.На средбата се разговарало за европската интеграција на земјата, реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, опишани како процеси и инструменти што директно влијаат врз економскиот развој и квалитетот на животот на граѓаните.Соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес за натамошна поддршка на реформските процеси, јакнење на институционалните капацитети и доследна примена на европските вредности и стандарди.Муцунски ја истакнал јасната посветеност на Владата и уште еднаш нагласил дека полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба на земјата, изразувајќи задоволство од редовниот и…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 17 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Р.(19), Б.Ф.(24), Џ.С.(24), Ф.С.(33), А.Л.(25), С.Б.(25) и Г.Ѓ.(34), сите од Скопје, Ш.О.(31) од с.Арачиново, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, С.А.(33) од с. Студеничани, скопско, 17-годишник од с.Стајковци, скопско, С.А.(19) од тетовско, Р.Б.(32) од Куманово, А.Б.(24) од Кичево, П.С.(38) од битолско, 15-годишник од Пробиштип и П.Ѓ.(19) од Велес, кој предизвикал сообраќајна незгода. Од слобода е лишен и О.В. (27) од…

Повеќе

Започнати се активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост во Скопје, во соработка со турската општина Есенлер. Информацијата ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека ноќниот изглед на симболот на градот ќе биде усогласен со архитектонските карактеристики и историската форма на мостот. „Овој проект е плод на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Изразувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци што придонесуваат за неговата реализација. Заедно покажуваме дека искрените партнерства оставаат трајна вредност за градот и за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски. Активностите се…

Повеќе

Вчера околу 18:10 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во с.Ранковце, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(62) од Куманово и велосипед управуван од И.С.(88) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Повеќе