- Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
- Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија
- Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
- Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
- 53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет
- Голем дефект – падна фб
- Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди
- Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек во светот со богатство над еден билион долари
Author: Author 04
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека никој во оваа држава нема против користењето на албанскиот јазик, како и тоа дека оваа влада нема да им дозволи на ДУИ да играат на ситен популизам на етнички теми, сите граѓани се ценат подеднакво, а не по етничка линија, ова е нова Македонија на проекти и реформи. „Никој нема против користењето на јазиците во Македонија кои ги употребуваат делови од народи на одредени територии или на целата територија, во случајов албанскиот јазик, ниту пак некој некогаш го спорел тоа. Ќе дадам пример, вчера на гости беше…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики до СДСМ по јавниот настап на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Според Манасиевски, изјавите на Земон за македонскиот идентитет и Гоце Делчев се показател за тоа како партијата под раководство на Венко Филипче се однесува кон националните интереси. Манасиевски посочи дека желбата на СДСМ за власт оди до степен на негирање на македонските обележја и прифаќање услови од земји кои го попречуваат патот кон ЕУ. „Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет…
Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и нејзината реализација продолжува, додека европратеникот Томас Вајц посочи дека Македонија бележи напредок во Реформската агенда, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, со ова пропаднале сите обиди на СДСМ за манипулација на јавноста и земјоделците преку тврдења дека европските средства се изгубени. Петрушевски појасни дека Владата навремено реагирала по случајот во Платежната агенција и побарала темелна контрола од Брисел. „Вистината е дека по случајот во Платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено реагираше, ги стопираше процесите, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола. Извештајот покажа дека системот…
Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле 15-годишник од с. Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. (18) со повреди од остар предмет. -По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Извршен е увид на местото на настанот и при тоа пронајдени се нож и штрафцигер. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Автобус на линијата 4116, во кој се превезувале четири лица, утринава околу 09:30 часот излетал од коловозот и завршил во реката Сена. Несреќата се случила во општината Живизи, при што возилото со себе повлекло и паркиран автомобил. Зад воланот била жена, возач-приправник, која ја проверувала линијата во присуство на инструктор и двајца патници. Првичните сомнежи се дека дошло до грешка при управувањето со контролите на возилото. Очевидци и минувачи биле првите кои притрчале на помош додека не пристигнат спасувачките служби. На терен биле испратени 16 противпожарни возила, 60 полицајци и нуркачки екипи. Градоначалничката на Живиси, Ламија Бенсарса Реда, изрази шокираност…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ на Република Северна Македонија. „Првопријавениот М.Д., пречекорувајќи ги границите на службените овластувања доверени од Министерството за здравство за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија, свесно и со однапред…
Вчера во 22:30 часот во СВР Битола 39 годишен маж од Битола пријави дека во двор на основно училиште во Битола неговиот 11 годишен син бил физички нападнат од од Битола, кој притоа му упатил и закана со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Времето утре променливо облачно и свежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. До недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД. Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управната постапка претставува суштински сегмент во функционирањето на правната држава и во градењето доверба меѓу граѓаните и институциите. „Управните постапки се местото каде што правата се остваруваат и каде што се гради довербата во институциите, затоа наш фокус останува нивната целосна и доследна примена“ истакна Минчев. Тркалезната маса имаше…
Странските иматели на платежни картички во текот на 2025 година потрошиле 52 милиони евра за купување производи и услуги од македонски е-трговци. Ова претставува огромен пораст од 40,4 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Народната банка пренесени од Асоцијацијата за е-трговија (АТЕМ). Вкупната вредност е остварена преку 2,3 милиони трансакции, што е за речиси 40 проценти повеќе во однос на 2024 година. Најголем дел од прометот, односно 14 отсто (7,3 милиони евра), доаѓа од картички издадени во САД. Потоа следат купувачите од Швајцарија со 5 милиони евра и Германија со 3,6 милиони евра. На листата се наоѓаат…
