Author: Author 04

Бранови на насилство врз малолетници се регистрирани изминатите денови на неколку локации низ Скопје, информираат од СВР Скопје.Вчера во 11:15 часот во СВР Скопје Н.Ј. (32) од Скопје пријави дека на 28.04.2026 околу 22:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во СВР Скопје вчера во 15:40 часот Г.К. (41) пријави дека на 26.04.2026 околу 23:00 часот во с.Долно Свиларе, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Еден од нив настанот го снимал…

Повеќе

Денеска во 04:15 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување во казино на ул.„Јадранска магистрала“ пријави дека околу 04:06 часот слушнал експлозија надвор од казиното и кога излегол забележал оган на паркингот до казиното, по што со противпожарен апарат го изгасил огнот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје 73-годишен скопјанец пријави дека околу 10:15 часот на Плоштад Македонија во Скопје, бил измамен од две машки лица, при што бил оштетен за сума од 4.000 денари. Според пријавеното, двете лица му пришле, а едниот од нив му рекол да му даде пари затоа што наводно неговата сопруга се лекувала во болница и итно им биле потребни пари, а како залог му оставил предмет за кој му рекол дека е дијамант. Но, подоцна сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Денеска во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.В. (36) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил закани и ги избркал од домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Во СВР Штип денеска во 06:18 часот е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Денеска во 09:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Џ. (51) од Велес, по претходна пријава дека во близина на градскиот пазар во Велес допирал по телото малолетничка. М.Џ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Во Скопје, вчера и денеска на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Н. (37), Г.Ј. (52) и Д.М. (30) сите од Скопје, како и З.Т. (42) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

Повеќе

Иако официјално грејната сезона завршува денеска, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која ги задолжи снабдувачите ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк да продолжат со испорака на топлинска енергија и во следните два дена. Одлуката е донесена врз основа на временската прогноза од УХМР, која најавува невообичаено ниски температури за овој период од годината. „Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење“, се посочува во соопштението од РКЕ. Времето денеска во земјава е свежо со пообилни врнежи од дожд, а на планините се очекува и снег. Температурите ќе…

Повеќе

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања до министерот Панче Тошковски и МВР за користење на шпионскиот софтвер „Пегазус“. Според партијата, овој систем овозможува целосен пристап до камерите, микрофоните и пораките на телефоните на сите граѓани во државата. Од СДСМ велат дека „Пегазус“ е развиен од израелската компанија NSO Group и служи за таен надзор, а во светот често се злоупотребува против критичари на властите. „После Black Cube, приватниот Мосад, за тајно снимање, следење и фабрикување афери Мицкоски и ВМРО-OKG одат чекор понатаму: воведуваат државен шпионски софтвер против сопствените граѓани. Мицкоски сега го…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговори на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска околу апсењето на директорот на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ) и локацијата каде е спроведена акцијата. Тошковски појасни дека во објектот каде што е уапсено лицето живеат повеќе сегашни и поранешни функционери, но дека акцијата е извршена токму таму бидејќи таму се примале парите. „Во рамките на овој објект живеат неколку поранешни и сегашни министри, да не специфицирам во јавност, не сакам да нарушам приватност. Јас ќе бидам таинствен и ќе кажам дека во предметниот објект живеат многумина сегашни и поранешни функционери. Е, сега, зошто лицето е…

Повеќе