- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
- Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
- Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
- Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
- Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
- Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
- Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
Author: Author 04
Два трговски брода биле мета на нов напад во акваторијата на Ормускиот Теснец, потврди Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO). Инцидентот бил забележан од капетан на друг брод кој се наоѓал во близина. Тој пријавил дека видел „четири проектили од непознат вид“ како ги погодуваат двете пловила на околу седум километри западно од Хасаб, во близина на Оман. Како последица на ударот, на еден од бродовите избувнал пожар, додека за состојбата и штетите на вториот брод за сега нема прецизни информации. Засега ниту една група или држава не презеде одговорност за овој напад. Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец е…
Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT). На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот во спроведувањето на препораките содржани во претходните извештаи на Комитетот. Соработката со CPT е важна за унапредување на системот на извршување на санкциите и обезбедување на почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода. Во периодот што претстои, Министерството за правда ќе…
Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства. ДЗР констатирал неефикасно управување со овие стратешки проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Алексадар Велјановски. Од владејачката партија посочуваат дека поради ова проектот доцнел со години, а граѓаните плаќале милионски суми за провизии без да добијат инфраструктурен резултат. „Дополнително, ДЗР тогаш предупредил и на ризик од губење 61 милион евра ИПА-грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8“, се вели во соопштението. Александар Велјановски побара соодветна реакција од правосудните…
Премиерот Христијан Мицкоски ја изманипулира јавноста кога тврдеше дека прославата за Денот на независноста чинела „0 денари“, реагираа денеска од опозициската СДСМ. На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека портпаролката на Владата потврдила оти за прославата се потрошени над 5 милиони евра преку АД Државна Лотарија. „Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се…
Највисоки температури во земјава претпладнево во 11 часот се измерени во Гевгелија со 30,8 степени, Демир Капија со 30,5 и Велес со 30,2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според официјалните мерења на УХМР во 11 часот (09:00 UTC), температури блиски до 30-тиот степен се регистрирани и во Кавадарци (29,5 °C), Зајчев Рид во Скопје (29,1 °C), Виница (28,8 °C) и Берово (28,6 °C). Во останатите градови и мерни станици се измерени следниве температури:
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во источна Швајцарија, а во која учествувал автобус со холандски таблички. Според соопштението од швајцарската полиција, возилото удрило во заштитната ограда, излетало од патот во кантонот Граубинден и се превртело на страна. Портпаролот на полицијата за швајцарската радиотелевизија SRF потврди дека има повеќе жртви и повредени, но сè уште не го прецизираше нивниот точен број. Според информациите на агенцијата Франс прес, во автобусот се наоѓале 48 лица. Патниците во понеделникот тргнале на патување до Австрија и назад, пренесува агенцијата dpa.
Општина Карбинци реализираше низа капитални и инфраструктурни проекти во изминатата година, информираше денеска градоначалникот Виктор Паунов за време на презентацијата на отчетот за својата работа. Во фокусот на локалната самоуправа беа инвестициите во образованието, каде што е изграден нов училиштен објект во Радање и се врши доградба на градинката „Кокичиња“ за дополнителни 100 деца. Паралелно, општината доделува по 5.000 денари за првачињата, средношколците-прваци и бруцошите, како и 10.000 денари за новороденчиња. На планот на патиштата и уредувањето, пуштена е во употреба пешачката патека Таринци – Карбинци со должина од 1,5 километри, а се градат и нови улици со поддршка од…
Српската влада го продолжи рокот за поднесување барања за субвенции за купување нови електрични возила. Наместо до 30 септември, граѓаните, претприемачите и компаниите ќе можат да аплицираат до 1 декември 2026 година. Измената е веќе објавена во „Службен весник на Република Србија“, но од надлежните напоменуваат дека продолжувањето не гарантира достапност на средствата до тој датум, бидејќи поддршката се доделува по редослед на пристигнати барања до исцрпување на буџетот. Висината на државната помош се одредува според категоријата на возилото. За нов електричен автомобил или лесно комерцијално возило до 3,5 тони е предвидена субвенција од 5.000 евра. За електрични мотоцикли, тешки…
Казни до 200 евра за возење сам во лента за повеќе патници: Европа воведе паметни камери за контрола
Возењето сам во лента резервирана за повеќе патници во Шпанија и Франција станува сè поскапо, благодарение на новиот систем камери кои автоматски го детектираат бројот на лица во возилото. Системот во Шпанија го контролира движењето на таканаречените VAO ленти, каде што услов за движење е присуство на најмалку две лица во автомобилот. Прекршителите на ова правило се соочуваат со казна од 200 евра. Технологијата овозможува препознавање на регистарските таблички и броење на патниците додека возилото е во движење, со што сообраќајот не се прекинува за рачна контрола. Франција применува аналоген систем на обиколницата Boulevard Périphérique во Париз, како и на…
Татко на ученик од петто одделение е осуден на шест месеци затвор и веднаш е пренесен во затворот во Сес, откако се заканувал дека ќе обезглави наставничка во училиште во градот Фаго, јужно од Тулуз. Покрај затворската казна, судот му изрече забрана за приближување до училиштето и до наставничката во времетраење од три години, забрана за поседување оружје во следната година, обврска да посетува курс по граѓанско образование, како и да ѝ исплати на жртвата симболична отштета од едно евро. Јавниот обвинител претходно предложи казна од шест месеци со носење електронска нараквица и мерки за забрана за контакт и приближување…
