Author: Author 04

Ноќеска во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Д.(57). При извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати честитка до сите работници по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Таа истакна дека посветеноста, знаењето и одговорноста на вработените се клучни за развојот на македонското општество. Димитриеска-Кочоска нагласи дека достоинството на секој човек се гради токму врз неговиот труд. „Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и затоа тој претставува темел на секоја напредна и стабилна држава. Секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација“, напиша министерката. Во својата објава, таа порача дека Владата ќе продолжи со спроведување мерки…

Повеќе

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека неговата „проевропска шема“ не познава никакви црвени линии и дека ги негира македонските национални интереси. Манасиевски посочи на изјавата на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој во еден поткаст изјавил дека Гоце Делчев е „небитен“ и „мит“ кога станува збор за македонската државност. „Да повториме, еден од темелите на македонската државност, Гоце Делчев за другарот на Филипче, е мит. Венко Филипче ниту се огради, ниту пак се изјасни за оваа изјава на Рубин Земон“, изјави Манасиевски. Од…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до сите работници во државата по повод Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи го нивниот секојдневен придонес за општеството. Гаши во својата порака истакна дека овој празник е посветен на знаењето и одговорноста на секој поединец. „Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество“, напиша Гаши во честитката. Спикерот на Собранието посочи дека работничките права и социјалната правда мора да бидат постојана обврска на која треба да се стреми државата. Тој упати и директна…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество. „Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој што искрено верува во социјалдемократските вредности, цврсто стојам на ставот дека економскиот напредок мора да оди рака под рака со социјалната правда. Секој работник треба да се чувствува безбедно и заштитено на своето работно место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Меѓународниот ден на трудот, упати порака до граѓаните во која потенцира дека овој празник е потсетник на долгата и достојнствена борба за признавање на трудот како извор на вредности. Таа истакна дека Први мај е момент за соочување со клучните прашања за состојбата со работничките права во земјава. „Дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето…

Повеќе

Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По денови и денови со секојдневни прес-конференции и јавни настапи, со критики за се и сешто, токму во моментот кога требаше да зборува од собраниската говорница, да испрати аргументирана критика и издржани прашања до претставниците на власта, Филипче повторно избега. Вчера беше последниот четврток во месецот, резервиран за механизмот пратенички прашања, кога народните избраници имаат можност да упатат критики и да постават прашања до власта за сите нејаснотии и на лице место да добијат и одговори. Но, како и многу пати досега, пратеникот Филипче, наместо да остане во Собрание и…

Повеќе

Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците, напишаа во соопштението СДСМ.  „Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест. Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни. Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 денари, работниците се со празни фрижидери и празни џебови. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ не презема ниту една мерка за заштита на животниот стандард на работниците и…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во работна посета на Општина Охрид. Како што најави владината прес-служба, во 12:00 часот тој ќе присуствува на поставување на камен-темелник за изградба на нова катна гаража. Објектот ќе се гради на локацијата позади Градскиот пазар. Покрај официјалното означување на овој проект, агендата на премиерот предвидува и теренски активности низ градот. Мицкоски ќе изврши увид на тековните градежни работи на плоштадот „Кај Чинарот“, кој е еден од најфреквентните делови во Охрид. Посетата ќе биде заокружена со увид на проектот наменет за пумпната станица „Метропол“.

Повеќе

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул .„Васил Главинов“, право по бул.…

Повеќе