Author: Author 04

СДСМ преку прес-конференција побара од Јавното обвинителство итно да отвори истрага и да ја обезбеди целосната документација во врска со трошењето на 5,5 милиони евра за прославата на незавиноста. Од партијата обвинуваат дека Владата ги крие договорите, анексите и фактурите. Според СДСМ, потребно е да се утврди дали постои одлука на Собранието на Државната лотарија за организирање и финансирање на настанот, како и под кои услови се донесувале одлуките. „Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен, кој го договорил и кога бил исплатен“, велат од СДСМ, нагласувајќи дека јавноста мора да добие одговори и…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.(31) од Охрид и негов правен субјект со седиште во охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. При контроли извршени на 29.08.2026 на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци без да им бидат побарани лични документи и без да се утврди нивната возраст.  

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор. Тоа го направил иако знаел дека ново назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование. Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен…

Повеќе

Вчера во 15:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека Б.М.(70) од струшкото село Октиси паднал во ископ за бунар во дворно место на куќа во селото, што го вршела градежна фирма. Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Здравствен дом Вевчани. Увид извршија јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи. Врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.

Повеќе

Поминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 млади, а 193 лица беа повредени, а правдата сè уште изостанува, обвини на денешната прес-конференција портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според партијата, судството е под целосна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што велат, ги штити своите кадри и влијае врз институциите. СДСМ тврди дека наместо брза и неселективна одговорност, процесите се одолговлекуваат, а лица поврзани со случајот се ослободуваат. Од опозициската партија потсетуваат на ветувањето на Мицкоски дека ќе се повлече од политиката ако обезбедувањето во „Пулс“ се поврзе со ВМРО, оценувајќи…

Повеќе

Правдата во правосудството е ставена во втор план кога трагата на криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.“ Според него, со години дел од корумпирани судии и обвинители примената на законот ја делеле во зависност од политичката поврзаност, порачувајќи им на „старите центри на моќ“ дека тоа време заврши. „Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може…

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Од УХМР информираа дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Повеќе

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишија од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата од Кочани, поради сомнение за извршени повеќе кривични дела. Имено, тие се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип двајцата извршиле повеќе кривични дела од кои седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З., соопшти МВР. При преземањето мерки, со судска наредба, извршени се претреси…

Повеќе

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција во координација и содејство со СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал постапуваше по издадена Наредба од ОЈО Скопје и по преземени мерки и активности до ОЈО Скопје достави кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 од КЗ, Симона Серафимовска Ѓуреска за две кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 од КЗ и против Стевчо Јакимовски за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в од КЗ. Имено, првопријавената како Раководител на Сектор за урбанизам во Општина Карпош…

Повеќе

Борбен авион на НАТО во текот на ноќта соборил беспилотно летало кај Каунас, вториот по големина град во Литванија, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи. Според првичните податоци од портпаролот на центарот, дронот најверојатно влегол од територијата на Белорусија. Засега не е познато чие било леталото, а надлежните најавуваат утврдување на сопственоста. Инцидентот се случил по претходно издадено предупредување за појава на дрон кое важеше за главниот град Вилнус и околниот регион. Истрагата за околностите продолжува.

Повеќе