Author: Author 04

Утринава најниски температури во земјава се измерени на Попова Шапка, каде се регистрирани -5 степени Целзиусови. Во Маврови Анови е измерен -1 степен, додека во повеќе градови низ државата температурите се движеа околу нулата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово. Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Крива Паланка – 18 литри на метар квадратен. Во Виница се регистрирани 13, а во Пожаране 11 литри на метар квадратен, додека во останатите делови врнежите беа со помал интензитет. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во…

Повеќе

Министерството за транспорт соопшти дека е завршена евалуацијата за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење. Од вкупно четири пристигнати понуди, Комисијата утврди дека три оператори не ги исполнуваат условите, по што е направен прелиминарен избор на најповолен понудувач. За најповолна е избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус-Икарус“ и австриската ЕВН. „’Електробус – Икарус’ и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е…

Повеќе

По ладниот атмосферски фронт кој се спушти од северот на Европа кон Балканот, во Македонија следува нагло разладување со дожд и снег на планините. Метеорологот Славчо Попоски најавува дека веќе во текот на ноќта кон утрешното празнично утро, 1-ви мај, врнежите ќе престанат, но следуваат екстремно ниски температури. Иако облачноста ќе се намали, во земјава ќе продолжи да дува засилен до силен северен ветер. На моменти, брзината на ветерот во Македонија ќе достигнува над 60 километри на час. Според Попоски, метеоролошките карти покажуваат појава на мраз во најголем дел од Балканот. На високите планински места температурите утре наутро ќе се…

Повеќе

Судскиот процес за корупција со европските фондови доби нов пресврт откако обвинетата Јасмина Костадинова призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листата за финансиски средства. Костадинова, која работела во Министерството за земјоделство, сега бара судот да ѝ врати дел од запленетите пари за кои тврди дека се нејзини. Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка. Обвинителството потенцира дека овој случај имал директни последици врз односите со Брисел. „Овој случај го…

Повеќе

Македонија утре ја очекува променливо облачно време со значителен пад на утринските температури. Според прогнозата за 1 мај, во одредени делови од земјата се очекуваат температури под нулата. Најстудено ќе биде во Маврово, каде минималната температура ќе се спушти до -3 степени. Во Берово утрото ќе започне со -1 степен, додека во останатите градови минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 6 степени. Во Скопје утре минималната температура ќе изнесува 2 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени. Најтопло во текот на денот ќе биде во Гевгелија со максимални 16 степени. Дневните температури во останатите градови…

Повеќе

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на двајца македонски државјани – сопружници, пронајдоа 68 илјади австралиски долари. „Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи. Согласно Законот за девизно работење, поединечно им се вратени девизи во противредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), а преостанатите 35 илјади австралиски долари се запленети. Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон спречување на нелегален…

Повеќе

Малолетно дете со повреди било пренесено во болница откако паднало од тераса на напуштен објект во центарот на Куманово. Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итната медицинска помош синоќа околу 21:20 часот. Од СВР Куманово потврдуваат дека несреќата се случила на улицата „Кирил и Методиј“. „Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово“, соопшти полицијата. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Станува збор за поранешниот „Пионерски дом“, објект кој со години е запуштен и демолиран…

Повеќе

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник, потенцирајќи дека негов врвен приоритет ќе бидат исклучиво интересите на граѓаните. Како клучни причини за ваквиот чекор, тој го наведе незадоволството од темпото на ветените реформи и борбата против корупцијата. „Промените за кои влегов во политиката не се случуваат во пракса. Не прифаќам да бидам дел од систем оптоварен со корупција и криминал“, истакна Цеков, додавајќи дека постојат длабоки несогласувања со раководството на ЗНАМ. Пратеникот јасно се диференцираше од партиските ставови и во…

Повеќе

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата спроведува континуирани мерки за заштита на животниот стандард и правата на работниците. Дурмиши потенцираше дека инфлацијата сега се движи меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително намалување во споредба со кризната 2022 година. Министерот нагласи дека кај 55 основни производи растот на цените е минимален, а трговските маржи се намалуваат, што според него покажува дека трговците преземаат дел од товарот. Во однос на идните чекори, Дурмиши најави нови таргетирани мерки. Се разгледува можноста за дополнително намалување на ДДВ за основните прехранбени производи…

Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Комитетот за истрага на воздухопловнинесреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на соработката и размената на информации поврзани со истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Меморандумот го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Комитетот Марјан Прпоски. Со документот треба да се обезбеди ефикасна, координирана и правно усогласена соработка при спроведување на техничките истраги на КИНСИВ и кривично-правните истраги на Јавното обвинителство.

Повеќе