Author: Author 04

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.М.(42), А.А.(37), В.Б.(30), Д.С.(30) и В.Ф.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“ СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик. Пријавената М.Т. во време на сторување на делото вработена како…

Повеќе

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.05.2026 во 00:10…

Повеќе

Како Здружение на вработени во секторот на игри на среќа, „Сакам да работам“ претставувајќи ги вработените во најголемиот приватен работодавач во Македонија, по повод Меѓународниот ден на трудот упатуваме честитка до сите трудољубиви сограѓани кои исто како нас, работејќи вредно обезбедуваат егзистенција за семејствата.Земајќи предвид дека сме вработени во економски сектор, кој со години е цел на негативна кампања, ја користиме оваа прилика да испратиме неколку пораки. Ние не сме криминалци, не работиме во нелегални објекти, туку во строго регулиран сектор кој подлежи на законско лиценцирање и дозволи за работа, кои се издаваат во многу сложена и крајно контролирана административна…

Повеќе

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик. На 21.04.2026 во 18:00 часот на ул. „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р.(36) од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал.Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот.

Повеќе

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати искрени честитки до сите вработени во одбраната и сите припадници на Армијата. „Почитувани вработени во одбраната и припадници на Армијата, денешниот ден ја симболизира вредноста и важноста на трудот на секој еден вработен. Високо ја вреднувам вашата работа, вашата посветеност, мотивираноста која е видлива секој изминат ден, работејќи на процесите кои нè прават побезбедни и посилни. Ве охрабрувам со истиот ентузијазам, професионалност и посветеност да продолжите да придонесувате во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните“, истакнува министерот Мисајловски. Професионализмот, тимската работа и заедништвото…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува посветена на приоритетите предложени од општините и пратениците, кои веќе се во фаза на реализација. За време на посетата на Охрид, тој потенцираше дека се работи здружено за Охрид да добие нов лик. „Би сакал само да споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат“, рече Мицкоски. Тој ги повика граѓаните да го следат прогресот на автопатот и најави дека крајниот рок за негово завршување е првиот квартал…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на новата катна гаража во Охрид, при што направи преглед на клучните инфраструктурни проекти во регионот. Тој истакна дека и покрај предизвиците со финансирањето, автопатот Кичево-Охрид се гради со несмалена динамика. „Очекуваме согласно претходните најави да биде целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна да речеме првиот квартал од 2027 година. Беше откажан кредитот од страна на кинеската ‘Ексим’ банка, па со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде реализиран целосно до крај“, изјави Мицкоски. Премиерот најави и поголем фокус на проектот „Плаошник“, за кој рече дека за…

Повеќе

ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Раскинувањето на договор, кој не се реализирал, но повлекол многу пари од џебот на граѓаните е причина за паника во ДУИ. Тие биле корисници на испумпаните парит. Време е да се престане со навиката политиката да се…

Повеќе