Author: Author 04

Македонија се подготвува за нови, значително построги правила за сопствениците на домашни миленици. Новиот Предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предвидува високи парични казни и ригорозни мерки за прекршителите. Според предлог-решението, сопственикот кој ќе го напушти својот миленик може да се соочи со трајна забрана за чување ново животно. Глобите за физичките лица се значително зголемени. „Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со околу 400 евра, додека сурово и нехумано однесување, мачење или усмртување на животни може да достигне казни до 5.000 евра“, стои во предложените измени. Законот предвидува…

Повеќе

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го честиташе Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека државата ги засилува контролите на терен за сузбивање на неформалната економија. Дурмиши истакна дека во изминатиот период, преку социјален дијалог, е постигнато зголемување на платите во неколку клучни сектори. „Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава“, напиша министерот на Фејсбук. Тој појасни дека фокусот на министерството останува на доследното спроведување на законите и заштитата на…

Повеќе

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје, имале логистичка мрежа и припаѓале на радикална групација идеолошки надоврзана на глобалната мрежа на Исламска Држава. Тие почнале да преземаат радикални и криминални активности непосредно по повикот на Исламска Држава на почетокот на април, велат од АНБ. Според информации на „Слободен печат“ од доброупатени извори, станува збор за лица од скопската населба Скопје Север.

Повеќе

Вицепремиерот Александар Николоски денеска од Охрид порача дека изградбата на катната гаража е клучна за развојот на градот и чаршијата. Објектот, кој се гради со поддршка од државниот Буџет, се очекува значително да го растерети паркирањето за туристите и охриѓани. Николоски потенцираше дека Министерството за транспорт ја издало градежната дозвола откако биле вклопени сите потребни заштити. „Беше предизикувачкиот аспект што требаше да се вклопат три различни заштити тука. Едната е секако генералната заштита на УНЕСКО, втората е заштитата на културното наследство и третата е архитектоинската заштита. Сите три се направија со поддршка на Општината, со поддршка на Завод и музеј…

Повеќе

Македонија се подготвува за лето кое ќе биде значително потопло од просекот, со чести и изразени топлотни бранови со потекло од Африка. Според метеорологот Славчо Попоски, претстојната сезона ќе донесе температури кои во одредени делови од земјата ќе надминуваат 40 степени. Посебен акцент се става на централните и југоисточните предели на Македонија, каде се очекуваат највисоките вредности на термометарот. „Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и…

Повеќе

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, велат од СДСМ. „Ова е класична  лага на Мицкоски. ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат. Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“. Сега однапред подготвува алиби…

Повеќе

Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарани повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот започна пред Работничкиот дом, по што маршот продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а заврши пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека многу работници се плашат да се приклучат на протестите, иако не се задоволни од примањата. „Денеска за жал 260 илјади работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе излегоа на протест за 1…

Повеќе

Вчера во 14:00 во СВР Скопје Х.Т.(54) од Скопје пријави дека од месец декември 2025 до 30.04.2026 преку социјална мрежа и биле упатувани закани од Т.А. (женско лице), а пред две недели била и физички нападната од неа, но не го пријавила настанот. Според пријавеното, Т.А. преку социјални мрежи ги вознемирувала и сопругот и синот на пријавителката.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка. Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе