- Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
- Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
- Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
- Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
- Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
- Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
- СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
- Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
Author: Author 04
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 17 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Р.(19), Б.Ф.(24), Џ.С.(24), Ф.С.(33), А.Л.(25), С.Б.(25) и Г.Ѓ.(34), сите од Скопје, Ш.О.(31) од с.Арачиново, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, С.А.(33) од с. Студеничани, скопско, 17-годишник од с.Стајковци, скопско, С.А.(19) од тетовско, Р.Б.(32) од Куманово, А.Б.(24) од Кичево, П.С.(38) од битолско, 15-годишник од Пробиштип и П.Ѓ.(19) од Велес, кој предизвикал сообраќајна незгода. Од слобода е лишен и О.В. (27) од…
Започнати се активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост во Скопје, во соработка со турската општина Есенлер. Информацијата ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека ноќниот изглед на симболот на градот ќе биде усогласен со архитектонските карактеристики и историската форма на мостот. „Овој проект е плод на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Изразувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци што придонесуваат за неговата реализација. Заедно покажуваме дека искрените партнерства оставаат трајна вредност за градот и за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски. Активностите се…
Вчера околу 18:10 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во с.Ранковце, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(62) од Куманово и велосипед управуван од И.С.(88) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
Вчера во 15:00 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на патот Пробиштип-с.Крупиште, во атар на с.Лезово, 16-годишник од с.Злетово, пробиштипско, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со мопедот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Михајлова“ во Пробиштип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека планира да поднесе оставка на 25 или 26 септември, веднаш по завршувањето на неговото учество на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Општите политички дебати на ОН се закажани од 22 до 28 септември, по што Вучиќ се враќа во земјата за да се вклучи во предизборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври. Тој ќе настапи како носител на листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) и кандидат за премиер. Обраќајќи се кон јавноста, Вучиќ истакна: – Сакам да ја почнам кампањата како обичен граѓанин. Тој додаде дека…
Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа. Како што информираат од Јавното обвинителство, врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. -Во периодот од април/мај до септември 2026…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б. Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги…
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата упати прашање до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, дали власта планира да им помогне на граѓаните со соодветни таргетирани мерки за заштита на животниот стандард, посочувајќи дека реалноста е далеку од сликата што Владата се обидува да ја прикаже. Тренчевска посочи дека додека власта се фали со наводни економски успеси, граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки трошоци и сè потежок живот. „Се изнаслушавме во изминатиот период изјави со имагинарни податоци, први во Европа, четврти во светот и така натаму, но реалноста на граѓаните…
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница до опозициската СДС, за денешниот говор кој опозициската партија го одржа за човек, кој воопшто не беше присутен во Собранието, наместо да поставува опозициски прашања, а со самото тоа, како што вели, самите го демантираа и координаторот на пратеничката група на СДС, кој претходно зборуваше колку се битни опозициските прашања. ,,Прво, го демантиравте вашиот координатор којшто имаше процедурално пред неполн половина час и кој кажа колку се битни опозициски пратенички прашања. Измислен инструмент да се даде можност на опозицијата да постави прашање. А вие одржувате прес за…
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, во отсуство на министерот Иван Стоилковиќ, побара писмен одговор дали Стоилковиќ ќе им се извини на пратениците и граѓаните за пцуењето, навредите и обидот за физичка пресметка во Собранието и дали ќе поднесе оставка. Тренчевска порача дека ваквото однесување е недостојно за еден пратеник и министер и дека Стоилковиќ не може да биде над одговорноста само затоа што ја ужива заштитата од премиерот Христијан Мицкоски. Во обраќањето, Тренчевска посочи дека со месеци граѓаните се сведоци на навредливиот речник на Мицкоски, при што се создава атмосфера во…
