Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО ГОКК бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра
    • Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО ГОКК бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

    ОЈО ГОКК бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

    11.09.2026 во 16:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа.

    Како што информираат од Јавното обвинителство, врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание.

    -Во периодот од април/мај до септември 2026 година, осомничениот, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра. Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување – посочуваат од ОЈО.

    Дополнително, како што наведуваат од Обинителство, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката.

    -Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. Пријавата на граѓанинот овозможи ОЈО ГОКК навремено да преземе законски дејствија за проверка на наводите, обезбедување докази и реализација на случајот – велат од ОЈО.

    Посочуваат дека ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Од Јавното обвинителството соопштуваат дека за неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презел дејствија што резултираа со успешна реализација.

    -Ваквите случаи ја потврдуваат важноста на соработката меѓу граѓаните и надлежните институции во навременото откривање и гонење на коруптивните кривични дела. Обвинителството ги охрабрува граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Секоја основана информација се проверува со должно внимание, а идентитетот и личните податоци на лицата кои пријавуваат се заштитуваат согласно законските можности и потребите на постапката – велат од ОЈО. 

    Прочитај повеќе

    Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено

    11.09.2026 во 16:18

    Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица

    11.09.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.