Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни

    Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни

    11.09.2026 во 15:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница до опозициската СДС, за денешниот говор кој опозициската партија го одржа за човек, кој воопшто не беше присутен во Собранието, наместо да поставува опозициски прашања, а со самото тоа, како што вели, самите го демантираа и координаторот на пратеничката група на СДС, кој претходно зборуваше колку се битни опозициските прашања. 

    ,,Прво, го демантиравте вашиот координатор којшто имаше процедурално пред неполн половина час и кој кажа колку се битни опозициски пратенички прашања. Измислен инструмент да се даде можност на опозицијата да постави прашање. А вие одржувате прес за српски свет“, рече Мицевски.

    Тој посочи дека опозициската СДС одржува говор за човек кој во моментот не е присутен во Собранието, а притоа говори за ,,српски свет“. 

    ,,Зборуваме за истиот Вучиќ, оној којшто му аплаудиравте вие, Венко и Заев со една кутивчо вакцини на минус два степени на граница. Тоа е тој Вучиќ. Зборувате за српски свет и за Вучиќ. Оној Вучиќ кој во кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни, вашиот претседател и тогашен премиер на државата. Тоа е српскиот свет и тоа е Вучиќ. Зборувате за српски свет и Вучиќ. За човекот којшто на скопскиов кеј овде преку улица го шетавте и за да му удоволите на српски одговаравте на прашањата што ви ги поставуваше“, истакна Мицевски и додаде:

     ,,Меѓутоа ова е истиот тој Стоилковиќ којшто баравте начин да го купите во претходниот мандат и којшто не подлегна на сите ваши уцени и нудење на финансиски средства за да пребегне од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ете тоа ве боли, што не успеавте да ја скршите претходната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“.

    Според него, на неинвентивноста на СДС не и се гледа крај, и како што вели тој останатите политички партии од опозицијата веќе се дистанцираат од СДС. 

    ,,Колеги пратеници, жалам што и овој инструмент опозициони пратенички прашања успеавте да го избербатите. Меѓутоа во неинвентивноста ви нема крај. Продолжете вака и ќе ги барате овие резултати, од овие избори и овие бројки. Како што се тргнати колегите други од опозицијата, тргаат раце и ви се смеат на она што не знаете да го направите. Па и тоа што треба да го направите како опозиционери, не знаете да го направите“, кажа Мицевски и додаде:

    ,,Пратенички прашања за опозиција. Човек којшто не е тука најавен, оправдано или неоправдано, 10 минути да се држи монолог за него. Ќе дојде ќе ви одговори. Нема време да одговорам на последното писание, коешто го имате пишано за Весна Јаневска, а каде што вреѓате и тоа повеќе од што треба да вреѓате. И токму тоа е тој талог, со којшто ние ќе се бориме и ќе продолжиме да се бориме“.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.