Author: Author 04

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.На 09.06.2026 во Тетово, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете.

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.К.(66) од с.Ново Село, скопско, пријави дека околу 20:00 часот забележал дупка на капак од буре, кое било во дворот, по што во бурето пронашол зрно од огнено оружје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.

Повеќе

По преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, соопштија од МВР. Кривичната пријава се однесува на настанот од 06.09.2026 година, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул. „Војдан Чернодрински“ во Скопје, кога од мотоцикл со две лица било пукано со огнено оружје кон група лица. При пукањето, А.М.(26) од Скопје бил погоден со проектил, по што со возило на Итна медицинска помош…

Повеќе

Здружението „Макам-транс“ информира дека најавениот протест на превозниците од четирите држави на Западен Балкан, закажан за 14 септември 2026 година, нема да се реализира. Одлуката е донесена по средбата со претставници на дел од земјите членки на Шенген зоната, преку Мисијата на Европската Унија во Белград. Според соопштението, превозниците се договориле да не ги затвораат граничните премини кон Европската Унија, со цел да покажат добра волја и да избегнат нарушување на синџирот на снабдување со стоки. Оваа одлука доаѓа како резултат на даденото ветување дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање решенија за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната…

Повеќе

Иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите бара новиот механизам за усогласување на пензиите да се уреди со закон и зголемувањето да биде во еднаков паричен износ за сите, наместо процентуално. Пензионерите сметаат дека разликите во образованието, стажот и сложноста на работните места веќе се пресметани во висината на почетната пензија, додека по пензионирањето трошоците за живот се зголемуваат исто за сите. Барањето за законски измени ќе му биде предложено на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Претседателот на Иницијативниот одбор на пензионерите од Охрид и Дебрца, Кирил Јосифовски, го објасни нивниот став: „Главните параметри за формирање…

Повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница побара образованието и здравството да не се користат за стекнување политички поени. Одговарајќи на пратеничко прашање од Сања Лукаревска од СДСМ во врска со наставата во ООУ „Киро Глигоров“, Јаневска најави дека сите ученици за една недела ќе почнат со физичко присуство, подвлекувајќи дека организацијата на процесот е обврска на директорката на училиштето. Во своето обраќање, министерката истакна: „Не очекував од вас ваков популизам. Настава децата имаат, да, во дел имаат онлајн настава, затоа што им се обезбедуваат подобри услови за да учат, за да постигнуваат подобри резултати. Дали…

Повеќе

Ноќеска во 23:25 часот на улица ,,Бекир Али Риза“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија П.П.(28) од Прилеп. При претрес во стан во Охрид, каде што престојувал, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, грендери и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Повеќе

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ги отфрли оценките и впечатоците во јавноста дека судовите донесуваат одлуки под притисок или под влијание на Јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот на јавни обвинители, тој се осврна на последните реакции во врска со предметите „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски, нагласувајќи дека Врховниот суд ја оценува законитоста на одлуките на пониските судови, а не самите обвиненија. Во својата изјава, Савески истакна: „Не можам да прифатам, а апсолутно сметам дека е погрешен впечатокот дека судовите ги носат одлуките под притисок, под влијание или во служба на јавното обвинителство. Пресудите се носат во…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Северна Македонија и на Западен Балкан. Сали му се заблагодари на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. „Европската иднина на…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, барајќи одговорност за доцнењето на реконструкцијата во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. Лукаревска посочи дека иако договорот меѓу МОН и Општина Центар бил склучен уште во февруари, градежните работи започнале дури на 7 август. Поради тоа, стотици ученици учебната година ја започнаа без редовна настава со физичко присуство. Таа ги отвори и прашањата за законската основа за преминување на онлајн настава, како и за точните рокови за завршување на градежните активности. Лукаревска забележа дека и покрај ветувањата на…

Повеќе