Author: Author 04

Вчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна површина, две за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци. За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило. Акцијата била спроведена Одделението за безбедност на патниот…

Повеќе

Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните. Филипче потврди дека реториката од типот „се грижиме за граѓаните и работничките права“ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДС и Филипче.…

Повеќе

Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме, се вели во соопштението од СДСМ. „Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници. Повампирени лица кои Мицкоски ги оживеа од периодот на Груевски, како Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас, секојдневно сеат омраза, пласираат болни текстови и навреди кон опозицијата. Не е тоа слобода…

Повеќе

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде термометарот покажа -2 степена. Според податоците на УХМР до 8:30 часот, максимални 8 степени се евидентирани во Скопје на Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија. Во останатите градови температурите се движеа од 0 степени во Берово, до 7 степени во Тетово, Куманово и Демир Капија. Во Битола, Скопје-Петровец, Прилеп и Струмица се измерени 6 степени. Во однос на врнежите во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Крива Паланка – 4 литри на метар квадратен. Помали количини се забележани во Пожаране, Крушево, Маврови Анови, како и во Охрид, Претор и на…

Повеќе

Под мотото „Обликување на иднина во мир“, во Лусака, Замбија, утре и задутре ќе се одржи глобална конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Овој ден, воспоставен во 1993 година по препорака на УНЕСКО, има за цел да ја промовира заштитата на медиумските слободи и да им оддаде почит на работниците кои ги загубија животите при вршење на својата работа. УНЕСКО алармира дека слободата на медиумите бележи најголем пад од 2012 година наваму. Организацијата предупредува на сериозни закани за информацискиот екосистем. „Манипулацијата со информации, вклучително и употребата на вештачката интелигенција од страна на злонамерни актери, ја…

Повеќе

Денеска не очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови, додека кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, додека максималната ќе достигне интервал меѓу 13 и 20 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне се очекува слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 17-годишник од Неготино, затоа што откако ги забележал полициските службеници, малолетникот фрлил паковка со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетникот бил приведен во полициска станица и во присуство на родител, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи бил извршен службен разговор. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Р.(37) од Велес. Според пријавеното, тој на регионален пат Чашка-Велес, управувајќи патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, при претекнување со патничко возило „форд” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од Велес, од возилото му упатил закани, при што го следел и кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во неговото возило, по што го напуштил местото, а по кратко се вратил и му се заканил со употреба на остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а по преземени мерки било констатирано дека Т.Р.…

Повеќе

Вчера во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото. Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и преземено од местото во добра здравствена состојба.

Повеќе

Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, двајца од Куманово, едно лице од Љубљана, Р.Словенија, едно лице од струмичко и едно од Велес На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца. На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка. На 01.05.2026 во 20:40 часот, на булеварот ,,Македонски Просветители“, во Охрид лишен од слобода е И.К.(48) од Љубљана, Република Словенија по…

Повеќе