- Пожар ја разбуди Кисела Вода – Семејства во пижами со бебиња во раце трчале да се спасат
- Падна цената на нафтата
- Инцидент на Халкидики: Пукна цевка во Пефкохори, забрането капење во водата
- Апсење во Скопје – Четири лица со лисици на рацете
- ВМРО-ДПМНЕ: Нови мерки за вработување и поддршка на над 3.500 лица
- ВРЕДИ: Поддршката за бизнисите и создавањето услови Албанците да ја градат својата иднина во државата
- ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ сакаат уставни измени – За нив е важно само да се на власт
- Дневен хороскоп: Марс и Месечината носат силна енергија за дел од знаците, проверете што ве очекува
Author: Author 04
Лишени од слобода 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под алкохол, еден малолетник без возачка Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во Охрид и Тетово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американската морнарица спроведува поморска блокада на иранските пристаништа, дејствувајќи „како пирати“ во текот на конфликтот со Иран. Оваа изјава доаѓа по запленувањето на ирански брод и неговиот товар пред неколку дена. „Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилен бизнис. Ние сме како пирати. На некој начин сме како пирати, но не се шегуваме“, посочи Трамп при опишувањето на акцијата. Додека Иран ги држи под блокада речиси сите бродови во Ормускиот Теснец, САД возвратија со запленување на танкери и контејнерски бродови во азиските води. Конфликтот, кој започна на 28…
Вчера во 16:00 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Р.(25), С.Б.(21) и малолетник, сите од Скопје, З.Т.(42) и В.Н.(26) двајцата од с.Волково, скопско, и М.Б.(19) од с.Средно Коњаре, скопско затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје М.Г.(31) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош на ретровизорот од патничко возило кој претходно му бил оштетен имало забиено нож на расклопување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во периодот од 21:20 до 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти, при тоа во објект на ул. „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории, пронајдени се мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со бела прашкаста материја и фолија со марихуана. Со сопственикот Е.Б. и вработениот Е.Е. бил извршен службен разговор во полициска станица. Пронајдените предмети се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта.…
Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук. Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион. Министерот Алиу посочува дека проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин. Со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа…
Грција нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската Унија (EES) за српските граѓани, но се очекува негово прилагодување во текот на летната сезона за да се избегнат големи толпи на границите. Оваа мерка доаѓа како резултат на добрите билатерални односи меѓу двете земји. Генералниот конзул на Србија во Солун, Јелена Вујиќ Обрадовиќ, објасни дека иако нема официјален документ, постојат цврсти гаранции за олеснување на протокот. „Од 1 јуни до 30 август, тој ќе биде суспендиран за српските граѓани. Ќе се применува во текот на ноќните часови, но нема да влијае на дополнителните толпи“, изјави Вујиќ Обрадовиќ…
Времето утре променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h), велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.Во понеделник утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Максималните температури во…
Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција го обвини претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека подготвува терен за префрлање на вината врз опозицијата за евентуалниот неуспех во евроинтеграциите. Според СДСМ, најавите дека Изборниот законик е закочен од нивна страна се „класична лага“, со оглед на тоа што владејачкото мнозинство има капацитет самостојно да носи закони. „Вистината е едноставна: ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието и може самостојно да донесува закони. Како што без консензус и без поддршка од СДСМ ја укинаа техничката влада, така можат да го донесат и Изборниот законик“, изјави…
