Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Велковски најави: Ќе може да си купите две години стаж – ова се условите

    14.09.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатна градинка и оброк за учениците до петто одделение, стипендии за најуспешните ученици, изградба и реконструкција на улици во Градско
    • Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија
    • Инцидент во автобус: Малолетник со нож избодел 18-годишник во близина на железарницата Смедерево
    • Лоши вести: Цената на нафтата утрово скокна
    • Мицкоски најави средби на високо ниво во Вашингтон и Њујорк, нови закони за одбрана и економски раст
    • Мицкоски: Владата ќе продолжи да помага да се носат светски музички ѕвезди
    • Учениците во Република Српска се вратија на училиште – познато зошто наставата беше прекината неколку дена
    • ВИДЕО: Силно невреме го зафати регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатна градинка и оброк за учениците до петто одделение, стипендии за најуспешните ученици, изградба и реконструкција на улици во Градско

    ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатна градинка и оброк за учениците до петто одделение, стипендии за најуспешните ученици, изградба и реконструкција на улици во Градско

    15.09.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Градско продолжува да се развива, се подобрува инфраструктурата, се реализираат конкретни проекти кои носат промени и подобри услови за живот на граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

    „За само една година се реконструираше улицата 8 Септември (дел 1 и дел3), се асфалтираше и последниот дел од локалниот пат до Манастирот Св. Архангел Михаил од Долно Чичево и се асфалтираше крак 16 во селото Виничани, додека во населеното место Градско се реализираше проектот „Подобрување на водоснабдување со питка вода“ и се започна со бушење на нови бунари за питка вода во Виничани и Ногаевци.

    Додека за потребите на ЈКП „Клепа“ се обнови возниот парк на претпријатието со ново специјално возило, цистерна.

    Во тек е доградбата на училишниот објект на ООУ„Даме Груев“ за обезбедување на едносменска настава и поквалитетно училишно секојдневие.

    Уреден е дворот на детската градинка со безбедни и современи реквизити, а во центарот на Градско се уредува нов парк со детски реквизити, тартан подлога и зип-лајн, а на амфитеатарот се поставија нови дрвени седишта. 

    Паралелно се работеше на унапредување на спортската инфраструктура со поставување на нови голови на стадионот и монтирање на нови седишта на кошаркарското игралиште и се реализираа турнирите во фудбал „Стоби КУП Градско“ и турнир во кошарка.

    Како конкретна поддршка во најважните моменти за секое семејство, продолжи поддршката со еднократна финансиска помош за секое новородено прво и второ дете, како и со бесплатната градинка, бесплатниот оброк за учениците од прво до петто одделение.

    Најуспешни ученици продолжуваат да добиваат стипендии од општина Градско, а за првачињата и оваа година беа обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор.

    Паралелно со најмладите, посебно внимание се посвети и на граѓаните од третата доба, за кои се обезбедија бесплатни физиотерапевтски услуги, домашни посети за неподвижните лица, како и бесплатна психолошка поддршка.

    Понатаму, во периодот што следи ќе се реализира крак 7 од улицата „8-ми Септември“, ќе се реконструира улицата „Борис Трајковски“ во Градско, како и една улица во Водоврати и ќе започне уредувањето на фасадите во централниот дел на Градско.

     Општина Градско продолжува да вложува во сите генерации граѓани и да инвестира во инфраструктура за подобри услови за живот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски најави средби на високо ниво во Вашингтон и Њујорк, нови закони за одбрана и економски раст

    15.09.2026 во 10:39

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој штити функционери и укинува пресуди

    15.09.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.