- Температурите во пад, невреме на повидок – УХМР со најнова прогноза
- МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³
- Гром запали куќа, невреме го зафати целиот регион – Доаѓа и кон Македонија
- Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје
- Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија
- Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка
- Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4
- Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
Author: Author 04
Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките вредности. Тоа го докажува ВЛЕН, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ. „На 9 мај, на Денот на Европа, ВЛЕН го одржува Конгресот на обединувањето како зрел политички процес и од него ќе излезе како единствена сила, со едно име, насока и мисија. Пет политички субјекти стануваат едно тело, сила која во својата суштина ги има владеењето на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот. На Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока.…
Македонскиот народ на 6 мај го празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, меѓу народот познат како Ѓурѓовден. Овој празник се смета за најголем пролетен меѓник кој го слави не само христијанското, туку и целото население во државата, симболизирајќи го разбудувањето на природата и вегетацијата. Според верувањата, свети Георгиј е небесен клучар кој ја отвора земјата и ја пушта росата. Празникот е длабоко поврзан со сточарството и земјоделството, а во народните песни често се воспева неговата врска со Велигден и враќањето на животот по зимскиот период. Традицијата налага низа обичаи кои започнуваат уште ноќта спроти празникот. Домашните кинат зелени гранки…
Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, лишен е од слобода 66-годишниот М.З., државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија. Кражбите се случиле во периодот меѓу 29 април и 1 мај. Според информациите, осомничениот ги таргетирал џамиите во градовите Нови Пазар, Тутин и Сјеница, каде што со кршење на касите ги одземал парите што се наоѓале во нив. При полицискиот преглед кај македонскиот државјанин биле пронајдени и нож и електрошокер, поради што против него е поднесена и соодветна прекршочна пријава. На М.З. му е одредена мерка притвор…
Денешниот хороскоп носи насоки за сите дванаесет хороскопски знаци, ставајќи го акцентот на долгорочното планирање и емоционалната зрелост. За Овните денот е насочен кон иднината, но со барање да не се реагира импулсивно. Биковите треба да прифатат промени што не можат да ги контролираат, додека кај Близнаците односите стануваат огледало и јасно се гледа што функционира, а што не. Раковите денеска треба да избегнуваат одложување и да воведат повеќе дисциплина во секојдневието. Кај Лавовите постои желба за радост, но се советува избегнување на драматизација во љубовта. Девиците треба да обрнат внимание на домот и внатрешниот свет, без да ги оттурнуваат…
Лет на авиокомпанијата „Изиџет“ од Лондон за Анталија минатата среда бил прекинат и пренасочен кон Меѓународниот аеродром во Приштина, откако меѓу патниците избила жестока тепачка. Како што пренесува „Дејли мејл“, инцидентот го предизвикала патничка која конзумирала алкохол директно од шише и му плукнала во лице на друг патник. На видео снимките од летот се гледа како таа се обидува физички да се пресмета со патник преку седиштата, по што интервенирал персоналот и други патници. „Седев зад нив и си гледав своја работа кога одеднаш слушнав викање и галама. Подигнав поглед и не можев да поверувам што се случува, беше целосно…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница којшто се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“. Сиљановска-Давкова ќе учествува на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со којашто ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата, предвидено е учество на: премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија. Во рамки…
Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ. „Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија. Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш. Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава. Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Граѓаните заслужуваат јасен одговор:…
Вчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна површина, две за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци. За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило. Акцијата била спроведена Одделението за безбедност на патниот…
Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните. Филипче потврди дека реториката од типот „се грижиме за граѓаните и работничките права“ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДС и Филипче.…
Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме, се вели во соопштението од СДСМ. „Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници. Повампирени лица кои Мицкоски ги оживеа од периодот на Груевски, како Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас, секојдневно сеат омраза, пласираат болни текстови и навреди кон опозицијата. Не е тоа слобода…
