Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Акција во Општина Центар: Расчистен Паркот на новинарите кај „Нова Македонија“

    (ФОТО) Акција во Општина Центар: Расчистен Паркот на новинарите кај „Нова Македонија“

    15.09.2026 во 12:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар спроведе координирана акција за темелно чистење на јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“, познат меѓу скопјани како Парк на новинарите. Акцијата ја спроведоа општинските инспекциски служби, во координација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Полициската станица – Центар.

    На локацијата години наназад се населуваат бездомни лица со импровизирани шатори, се трупа смет и ѓубре, а местото стана легло на зарази. Жителите од околните згради постојано пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир, но и физички пресметки на овој простор.

    „Реагираме по којзнае кој пат на овој простор, секогаш на барање на граѓаните. Локацијата ја чистиме во неколку наврати, но бездомните лица постојано се враќаат и повторно го узурпираат паркот. Вакви појави нема да се толерираат во Центар. Ќе постапуваме секогаш кога се нарушуваат јавниот ред, безбедноста и хигиената на граѓаните. Дополнително, апелираме до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, за да нема повеќе вакви појави“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    По завршувањето на акцијата, просторот ќе биде  целосно расчистен, а Паркот на новинарите ќе им биде  вратен на жителите како чист и безбеден јавен простор за секојдневно користење.

    Прочитај повеќе

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23

    Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад

    06.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.