- Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија
- Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО
- Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник
- Фатен на дело додека крадел дрва од државна шума: Жител на Подгорци заработи кривична
- Кривична пријава за дебранец: Со закани и следење се обидел да спречи службеници во преземање деловен објект
- Димитријевиќ: Славески го постави човекот што ги издавал лиценците во Алта банка
- ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово
- Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите
Author: Author 04
Во Киев и Москва расте незадоволството од улогата на американскиот претставник Стив Виткоф во мировните преговори за Украина, пишува „Киев Индепендент“. Според изворите, зад сцената се случуваат обиди тој целосно да се отстрани од процесот, додека американскиот претседател Доналд Трамп досега не покажа желба да се откаже од него. Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, ги посетија Русија и Украина на почетокот на септември за да ги рестартираат заглавените преговори, но се вратија без конкретни резултати. Украинската страна го обвинува Вашингтон за недостаток на нови идеи и слаб притисок врз Русија, додека руските претставници го сметаат Виткоф за одговорен…
Во тек е рокот за испорака на новите автобуси, а Град Скопје паралелно ги презема сите потребни активности за подготовка на инфраструктурата, со цел автобусите веднаш по пристигнувањето да можат да бидат ставени во функција. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека не се губи време и дека подготовките се одвиваат паралелно со рокот за испорака. Во моментов се работи на подготовка на трасите и инфраструктурата за полначите, а активности се спроведуваат и во Автокоманда, каде што е потребно обезбедување на високо напојување и поголем капацитет. Ѓорѓиевски ги отфрли тврдењата дека автобусите се веќе готови, а Град Скопје не…
Подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“ е во напредна фаза на реализација, а Град Скопје со забрзано темпо продолжува со работата на останатите делови од проектот. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека подземната сообраќајница е комплетно завршена, при што останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни активности. Првата фаза од проектот, на потегот од Кисела Вода, е завршена за само 90 дена, а во моментов се работи на втората фаза. „Првата фаза ја завршивме од Кисела Вода за 90…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со експертски тим од Словенечката развојна академија во состав: Андреја Долничар Јерај, програмска и извршна директорка, Јоже Левашич, виш државен обвинител во Р. Словенија, д-р Татјана Драговиќ, експерт за учење кај возрасни и развој на професионални компетенции во правосудството и органите за спроведување на законот, како и Дамјана Слапар Буркат, експерт за примена на методи за утврдување на имотната состојба во финансиски истраги. На средбата беа разгледани можностите за идната соработка меѓу Словенечката развојна академија и македонското Јавно обвинителство, со фокус на пошироките потреби на обвинителската служба и другите…
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, Н.Е.(50) од Скопје пријави дека околу 11:40 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во земјата вечерва во 20 часот (18 часот UTC). Според измерените податоци од мерните станици, најсвежо е на Попова Шапка со 13,9 степени, додека највисока температура е регистрирана во Велес со 25,7 степени. Во продолжение е прегледот на измерените температури по градови:
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со жителите на Горно Оризари, каде што изврши увид во реализираните проекти со кои се исполнуваат долгогодишните барања на граѓаните од оваа населба. По средбите на кои жителите ги споделиле своите триесетгодишни проблеми, започнато е со конкретна реализација на терен. Реконструирана е улицата со околу 4.000 метри квадратни нов асфалт, поставено е ново детско катче, целосно е обновен спортскиот терен, а изградена е и уредена автобуска постојка. „Довербата на народот е обврска што се оправдува со работа и со исполнет збор! Во Горно Оризари ми ги отворија вратите, ми ги кажаа маките кои траеле 30…
Нишката полиција уапси маж (47) под сомнение дека ширел лажни информации на социјалните мрежи дека средношколец донел пиштол и список на луѓе што треба да бидат застрелани, додека против друг осомничен е поднесена кривична пријава во редовна постапка. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ниш, по наредба на Основното јавно обвинителство во Ниш, го уапсиле мажот роден 1979 година од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред. Против друго лице родено 1973 година е поднесена кривична пријава за истото дело. Според полициските информации, 47-годишниот маж е осомничен дека вчера на својот…
На Сител телевизија во „Тема на денот“ гостуваше Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје кој дискутираше за БРТ проектот и посочи дека по повеќегодишното одложување на проектот пронајдено е функционално решение со кое ќе се задржи средишното зеленило, наместо негово отстранување. „Во минатото повеќе од инает се дозволи со години да стои проектот во исчекување, најкритичната точка беше средишното зеленило коешто во минатото требаше да се отстрани, ние го променивме концептот, затоа што има алтернатива која може да биде функционална, наместо на средината да се отстранува средишното зеленило, автобусите да одат од левата и…
Еден човек почина откако беше нападнат и распарчен од ајкула додека пливаше на популарната плажа Соренто во државата Западна Австралија. Ова е најновиот во низата слични инциденти во земјата, а се случува само неколку дена по нападот на сурфер во истата сојузна држава. Полицијата на Западна Австралија соопшти дека службите за итни случаи биле повикани околу 10:30 часот по пријава за инцидент во морето. „Ајкулата го нападнала пливачот додека пливал во морето недалеку од брегот“, соопшти полицијата, според австралиските медиуми. И покрај обемната потрага од воздух и море што ја започнаа властите, пливачот подлегнал на повредите. Плажата Соренто, која е…
