Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Најдено е функционално решение за БРТ-проектот за да се сочува средишното зеленило

    Ѓорѓиевски: Најдено е функционално решение за БРТ-проектот за да се сочува средишното зеленило

    18.09.2026 во 20:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Сител телевизија во „Тема на денот“ гостуваше Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје кој дискутираше за БРТ проектот и  посочи дека по повеќегодишното одложување на проектот пронајдено е функционално решение со кое ќе се задржи средишното зеленило, наместо негово отстранување.

    „Во минатото повеќе од инает се дозволи со години да стои проектот во исчекување, најкритичната точка беше средишното зеленило коешто во минатото требаше да се отстрани, ние го променивме концептот, затоа што има алтернатива која може да биде функционална, наместо на средината да се отстранува средишното зеленило, автобусите да одат од левата и од десната страна, притоа да го задржиме средишното зеленило и да се додадат уште две траси“ рече Ѓорѓиевски и додаде:

    „Реално проекциите беа наредната година да започнеме со овој дел од тендерските постапки но бидејќи навремено ја завршивме целата работа, ние ја распишавме едната фаза којашто предвидува инфраструктура тоа е поврзувањето Ѓорче Петров со Ново Лисиче, имаме и втора фаза понатаму којашто ќе опфаќа набавка на 40тина нови еколошки автобуси“.

    Во однос на паркирањето кај Клиничкиот центар, Ѓорѓиевски посочи дека проблемот со недостигот на паркинг места ќе се решава со изградба на две големи монтажни паркиралишта со капацитет од над 520 возила.

    „Јас сакам прво да ја поздравам идејата на Владата за нов Клинички центар но до тогаш хаосот кај Клинички центар го решаваме и распишана е тендерска постапка за изведба на две големи монтажни паркиралишта коишто ќе задоволуваат потреби над 520 паркинг места, ако оди се како што треба веднаш по завршување на тендерската постапка ќе почнеме со градба“, истакна Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00

    Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника

    06.10.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.