- Температурите во пад, невреме на повидок – УХМР со најнова прогноза
- МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³
- Гром запали куќа, невреме го зафати целиот регион – Доаѓа и кон Македонија
- Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје
- Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија
- Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка
- Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4
- Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
Author: Author 04
На 02/03.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Р.(23), Т.Ј.(19), И.Т.(36) и малолетник, сите од Скопје и П.Б.(26) од Р.Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ноќеска во 01:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Н.С.(18), Н.А.(19), А.С.(26), Е.С.(19), сите од Скопје, И.Г.(19) од с.Трновац, кратовско, Д.М.(22) од Куманово и М.С.(24) од с.Тромеѓа, кумановско.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 10:20 часот полициски службеници од ПС Тетово во с.Џепчиште го лишија од слобода А.А.(42) од с.Џепчиште, кој претходниот ден бил пријавен од C.M.(63) од истото село, дека додека се враќал со својот трактор од нива, А.М. му се заканувал со нож, а потоа го удрил со дршка од секира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Лишени од слобода три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од…
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената, а во Кочани едно лице управувало возило во спротивна насока. По целосно документирање на…
Просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИР зоните за 2025 година е зголемена за 6% во однос на 2024 година, истакна директорот за дирекции на ТИРЗ, Гоце Димовски. Компаниите од ТИР зоните во 2025 година уплатиле повеќе од 6,3 милијарди денари во буџетот на државата односно имаме раст од 10,5% поголеми уплати во буџетот на државата споредено со 2024 година, посочи Димовски. „Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за квартал 1 (К1) од 2026 година е зголемен за 11% во однос на К1 од 2025 година. Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за 2025 година е зголемен…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува период на релативно топло време, со повремени локални врнежи кои се очекуваат кон крајот на оваа недела. Утрешниот ден ќе започне со ведро и постудено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Температурите ќе се движат во широк интервал, со минимални -3 и максимални 25 степени Целзиусови. Според УХМР, од вторник следува променливо облачно време пропратено со сончеви периоди. Во овој период ќе дува умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на неделата се очекува дестабилизација, кога се предвидуваат повремени локални врнежи од дожд.
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение и прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, упати низа критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче. Од партијата тврдат дека опозицијата лажно се претставува како проевропска опција. „СДС и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени“, се наведува во партискиот допис. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека лагите на СДСМ постојано се демантирани од европските институции, наведувајќи го примерот со изјавата на европратеникот Томас Вајц, како и информациите за ИПАРД средствата. „СДС ја спинуваа неговата изјава, а тој…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и економските политики на Владата, тврдејќи дека државата се задолжува со невидено темпо. „Само за првите три месеци од оваа година, направен е нов долг од 700 милиони евра. Врз грбот на народот, врз грбот на идните млади генерации“, изјави Кузеска. Таа додаде дека за две години јавниот долг е зголемен за 2,3 милијарди евра и сега изнесува историски највисоки 10 милијарди и 774 милиони евра. Од СДСМ потенцираат дека станува збор за нето задолжување и дека овие средства не се користат за зголемување на…
