Author: Author 04

Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик. „Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка. ДУИ бара од Латифи јавно и транспарентно да ја објави првичната одлука на надлежниот орган, преку која претпријатието изгубило повеќемилионски спор на штета на државата. Во досегашните комуникации на МЕПСО и субјектот ВЛЕН, никогаш не е негирана поврзаноста што компаниите…

Повеќе

Двојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација. СДС на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки…

Повеќе

Студено утро во Македонија со температури под нулата во неколку градови. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најниската температура утрово од минус 5 степени е измерена во Берово. Минус еден степен е регистриран на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, додека нула степени се измерени во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 5 степени. Денеска не очекува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. „Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени“, информираат од УХМР. Во Скопје времето…

Повеќе

Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска треба да продолжи судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено сослушување на вешто лице од Институтот за судска медицина. На претходното рочиште, одржано на 28 април, Обвинителството ја презентираше медицинската документација за над 200 повредени лица кои побарале помош по трагедијата на 16 март минатата година. Обвинителката Наташа Сарамандова ги изнесе деталите за повредите кај 157 лица со тешки телесни повреди и уште 65 лица со телесни повреди, меѓу кои има и 20 деца. „Вештачењата на медицинската документација на повредените во пожарот на 16 март 2025…

Повеќе

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела).Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед

Повеќе

Македонија се подготвува за нови, значително построги правила за сопствениците на домашни миленици. Новиот Предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предвидува високи парични казни и ригорозни мерки за прекршителите. Според предлог-решението, сопственикот кој ќе го напушти својот миленик може да се соочи со трајна забрана за чување ново животно. Глобите за физичките лица се значително зголемени. „Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со околу 400 евра, додека сурово и нехумано однесување, мачење или усмртување на животни може да достигне казни до 5.000 евра“, стои во предложените измени. Законот предвидува…

Повеќе

Купувањето на нов паметен телефон во наредните години ќе биде под влијание на новите регулативи на Европската Унија. Производителите ќе мора да исполнуваат строги правила кои гарантираат подолг век на траење на уредите и полесно сервисирање. Главната цел на европските регулатори е да се прекине практиката на често менување на телефоните само поради ослабена батерија или пад на перформансите. „Целта е да се намали електронскиот отпад, да се заштедат пари за потрошувачите и да се поттикнат поправки наместо фрлање на уредите“, пренесуваат медиумите. Новите правила налагаат батериите да го задржат својот капацитет по голем број циклуси на полнење. Исто така,…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените дериватиМоменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 46,656 (денари/килограм)

Повеќе

По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта, се нацедува во соопштението од СДСМ. „Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ“. Се разбира, тоа е само маска. Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба. Мицкоски ги исчисти сите потпретседатели во партијата, чувајќи ја фотелјата за…

Повеќе

Во Собранието за денеска е закажана динамична агенда со седници на три матични комисии, на кои ќе се разгледуваат неколку значајни законски решенија. Пред пратениците од Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се најдат Предлог-законот за младински додаток, како и измените на Законот за индустриски-зелени зони, двата во прво читање. Истовремено, Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за проширување на високообразовната дејност во државата. „На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот ’Св. Климент Охридски’ –…

Повеќе