Author: Author 04

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за злоупотреба на името на великанот за партиски и коруптивни цели. Филипче истакна дека постои длабок јаз меѓу идеалите на револуционерот и денешното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. „Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт. Денешното ВМРО се бори за тендери, заштита на криминалци и за бугарски пасоши во џебовите“, изјави Филипче. Според лидерот на опозицијата, доколку Делчев беше жив денес, тој би се срамел од политиките на Христијан Мицкоски и би се спротивставил на начинот на кој се…

Повеќе

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, од денеска е на слобода откако беше пуштен на условен отпуст од затворот во Штип. Веста ја потврди директорот на казнено-поправната установа, Дејан Здравков. Чавков, кој ја издржуваше казната во штипскиот затвор, го напуштил објектот утрово околу 10 часот. Тој беше еден од осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. За ова дело, Чавков првично беше осуден на затворска казна од 18 години под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Надлежните институции потврдија дека се исполнети законските услови за негово предвремено пуштање со условен отпуст.

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека раководството на СДС, предводено од Венко Филипче, одржува блиски врски со проруски структури додека јавно се претставува како проевропска опција. Манасиевски потсети на периодот кога СДС беше на власт, посочувајќи дека тогаш контроверзни бизнисмени добивале државни привилегии. „Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев“, изјави Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС само на хартија е европски ориентирана, додека во реалноста ја злоупотребувала европската агенда за внатрепартиски…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска оддаде почит на ликот и делото на Гоце Делчев по повод 123-годишнината од неговото загинување. Мицкоски истакна дека Владата останува посветена на зачувување на идеалите на македонскиот великан за независна држава и достоинство на народот. „Заедно со потпретседателот на Владата Димовски и министерот за надворешни работи Муцунски оддадовме од името на владата вечен помен на жртвата на великанот, македонскиот јунак Гоце Делчев, и на тој начин само сакаме да покажеме дека како Влада ќе сториме се за да неговите идеали, неговата борба…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе остане доследна на заштитата на македонскиот идентитет и корени во преговорите со Бугарија. Тој истакна дека овие прашања претставуваат црвена линија од која нема да се отстапи ниту милиметар. Мицкоски упати критика за тоа што во 21-от век сè уште се негира идентитетот на историските личности и македонскиот народ. „Во 21 век го негираат идентитетот на македонскиот великан Гоце Делчев. Во 21 век се уште македонскиот народ се соочува со овие предизвици за кои не би требало да се соочува. За жал наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина ние…

Повеќе

По повод 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, упати порака со која оддаде почит на неговото дело и историско значење. Ѓорѓиевски нагласи дека името на Делчев не е само дел од историјата, туку симбол на македонската борба за слобода и достоинство. „Вечна слава и длабок поклон пред делото на великанот Гоце Делчев! Постојат имиња кои не припаѓаат само на историјата, туку на душата на еден народ. Такво име е Гоце Делчев, кое е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство. Голема е борбата за идеалите,…

Повеќе

Кривична пријава против вработен во Центар за социјални работи Тетово и лице од тетовско за злоупотреба на право на социјална пензија СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) и Ј.Е.(31), двајцата од с.Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“. Првопријавениот, на работно место оператор за внес на податоци во Центарот за социјални работи Тетово, на 02.06.2022 и на 05.10.2022 пуштил незаконски средства во вкупен износ од 155.500 денари на име на второпријавениот, а кои биле наменети за друго лице врз основа на решение за остварување право на социјална…

Повеќе

Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска беа прочитани исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Судот донесе ваква одлука бидејќи двајцата сведоци подолг период се недостапни за органите на прогон. Одбраната на обвинетите остро се спротивстави на ваквата одлука, тврдејќи дека овие сведоци се клучни за да се утврди кој навистина ја внел пиротехниката во објектот. „Да беа изведени ќе отпаднеше теоријата на обвинителството дека тој ја внел пиротехниката во дискотеката и дека обезбедувањето требало да му изврши проверка“, изјави еден од адвокатите на одбраната. Во прочитаниот исказ, сведокот Пепеларовска опишала како…

Повеќе

По невообичаено ладниот бран кој за време на првомајските празници донесе снег и минусни температури, Македонија се подготвува за голем пресврт. Според метеорологот Славчо Попоски, во текот на новата седмица не очекува продор на значително потопла воздушна маса од југ. Промената ќе се почувствува веќе од вторник, кога температурите нагло ќе почнат да растат, оставајќи ги зад себе утринските мразеви кои направија штети врз овошките. „Веќе особено од вторник 5 Мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат…

Повеќе

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ започна со остри реакции од одбраната. Адвокатката Ивана Коцевска, која го застапува првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, побара во записник да бидат нотирани закани упатени кон неговиот живот на претходното судење. Според одбраната, дел од оштетените бурно реагирале при барањето за укинување на притворот. „Пуштете го ние да му пресудиме“, се зборовите кои наводно биле извикувани во судницата. Адвокатката Коцевска реагираше и на, како што рече, „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон“ на Обвинителството. Таа предложи исклучување на јавноста за заштита на обвинетите. „Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на…

Повеќе