Непознат сторител извршил провала во кафуле во германскиот град Бад Залцуфлен, но наместо пари отворил касата, однел необичен плен – торта и две кутии сладолед.
Инцидентот се случил во петокот навечер, околу 02:30 часот по полноќ, во локал лоциран на улицата „Паркштрасе“, веднаш до градскиот спа-парк во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Од полицијата во Липе информираа дека крадецот влегол во кафулето и го однел овој необичен плен, а надлежните органи продолжуваат со расветлување на случајот.

