Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Василевска: Пресудите од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија остануваат горливо прашање
    • Летал со 203 км/ч на автопатот Скопје – Свети Николе – полицијата го улови
    • Лекар открива детали по неуспешната егзекуција на Криста Пајк: Се сеќава на името и болницата
    • Како на филм: Полицаец скокнал врз автомобил, го возеле 40 км со брзина од 95 км/ч
    • Ужас го потресе регионот: Полицаец уапсен и задржан во притвор откако ја претепал невенчаната сопруга
    • Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор Јоанис Малукос: Очекувања за ново поглавје и грчка поддршка за ЕУ
    • (ВИДЕО) Се судрија два авиони – во едниот имало 290 патници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови цени на горивата од полноќ

    Нови цени на горивата од полноќ

    21.09.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја донесе новата одлука за цените на нафтените деривати. Како најреално сценарио се очекува ново поскапување на дизелот, додека раст на цените кај бензините ќе биде значајно помал.

    И покрај тоа што суровата нафта во втората половина од неделата бележеше пад и Брентот од над 108 се спушти кон 104 долари за барел, цените на рафинираните горива, според кои РКЕ ја прави пресметката, останаа високи.

    Најголем притисок е забележан кај дизелот. Индикативните медитерански котации за 10 ppm дизел во изминатите пет работни дена во просек се околу 1.595 долари за тон, што претставува приближно 6,8 проценти повеќе од претходната недела. Дополнителен притисок создава и американскиот долар, кој во однос на денарот неделава во просек е посилен за близу еден процент.

    Состојбата со бензините е многу помирна, со просечна цена повисока за околу еден процент на медитеранскиот пазар, што остава простор за поскапување, но значително помало во споредба со дизелот.

    Ценовниот удар и овој пат ќе биде ублажен со постојните владини мерки. За дизелот во пресметката останува намаленото ДДВ од 10 проценти и пониската акциза за четири денари, додека кај бензините акцизата е намалена за два денари за литар. Конечната пресметка РКЕ ќе ја направи врз основа на официјалните Platts котации и средниот курс на доларот.

    Прочитај повеќе

    Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

    07.10.2026 во 19:49

    (ГАЛЕРИЈА) Митовски: Крива Паланка го добива новиот адреналински парк на Калин Камен

    07.10.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.