- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на 12-тиот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери. На средбата ќе присуствуваат претставници од Западен Балкан, Молдавија, Турција и Украина. Фокусот на овогодинешниот дијалог ќе биде ставен на економскиот развој и претстојните планови, а се очекува да бидат усвоени и конкретни препораки за таргетирани политики кои секоја земја треба да ги спроведе во иднина. Министерката Димитриеска-Кочоска пред европските партнери ќе ги презентира тековните реформи во земјата. „Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог во Брисел ќе се осврне…
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . „Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов…
Министерството за правда постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори. Во однос на случајот со Никола Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура. „Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив. Воедно, нагласуваме дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации. Министерството останува посветено на владеењето на правото…
Вчера во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Спортски центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК МЗТ Скопје и КК ИБА од Скопје, С.Л. сторил прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Имено, С.Л. агресивно се однесувал и ги навредувал судиите, а откако делегатот на натпреварот дал налог на редарите да го отстранат, тој при излегување почнал агресивно да се однесува и кон делегатот, а во еден момент се обидел и физички да го нападне, но бил спречен од редарската служба. Се работи на…
Вчера во 18:00 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 став 3 од Кривичниот законик. Претходно, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека пред својот дом ја затекнала пријавената заедно со новороденче кое имало повреди. Детето заедно со С.Д. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар кај новороденчето констатирал повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 09:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип Втори“ во Свети Николе, автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(40) од Велес, кој превезувал околу 20 патници, поминал преку испакнат дел од патот, при што двајца од патниците паднале во автобусот и се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,полов напад и силување“ над неговата 41-годишна сопруга. Пријавениот, на 18.04.2026 околу 18:00 часот во семејната куќа во кумановско село без нејзина согласност извршил полови дејствија врз сопругата.
Кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа. Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје и се постапува согласно Законот за правда…
Од Град Скопје информираат дека во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде што е запален приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети и активно дејствува во справување со пожарот. Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство. Од Град Скопје апелираат до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на…
Р.Р, припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби мерка притвор во траење од осум дена поради сомнеж за извршено семејно насилство. Според информациите објавени од ТВ24, Р.Р бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. Информацијата за притворот е потврдена од извори во Кривичниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), како и од Министерството за внатрешни работи, објави ТВ24. Р.Р бил активен на својата работна позиција како дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот. Неговата сопруга, С.Р, е по професија докторка и сопственичка на приватна здравствена ординација. Од Кривичниот суд…
