Author: Author 04

Се уште не е ниту формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе има најавува заострување на климата меѓу двете земји. Ако ова го очекува и јавно го најавува, тогаш не мораме да чекаме јуни, нека каже веднаш: нема ништо од ЕУ интеграциите. Со ваква политика не можеме ниту нормални добрососедски односи да имаме, стои во соопштението на СДСМ. „И не само што вели дека односите нема да бидат подобри, туку отворено најавува дека ќе се заострат. Тоа значи дека тој самиот, како што правеше и досега, активно ќе работи на продлабочување на кризата, што токму го прави со…

Повеќе

Вчера во 14:25 часот, Ф.К. од Тетово пријавил дека неговата малолетна сестра Н.К.(15), која претходниот ден била пријавена за исчезната, е пронајдена во добра здравствена состојба. Според пријавеното, таа престојувала кај нејзин познаник во Скопје, соопштија од тетовската полицијата. 

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, владеењето на правото и справувањето со современите безбедносни предизвици, со посебен осврт на резултатите од неодамнешната работна посета на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог што се одржа во Вашингтон. Беше констатирано дека билатералната соработка меѓу двете земји се одвива…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, денеска информираше дека земјите од регионот, во координација со Европската Унија, работат на изнаоѓање решенија за намалување на метежот на граничните премини. Овој проблем е најизразен за време на летните месеци кога фреквенцијата на патници е значително зголемена. Според Муцунски, во тек се интензивни преговори на повеќе нивоа за да се олесни протокот на копнените граници. „Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случува голем метеж…

Повеќе

Со сведочење на д-р Александар Станков, вештак од Институтот за судска медицина, денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Вештакот изнесе шокантни детали за условите во објектот кои предизвикаа вознемиреност и солзи кај семејствата на жртвите во судницата. Според неговите наоди, во моментот на пожарот температурата во внатрешноста била екстремно висока. „Тоа е температура приближно за крематориум“, одговори Станков на прашање на обвинителката за амбиенталните услови во моментот на трагедијата. Вештакот појасни дека доминантна причина за смртта кај најголем дел од настраданите е труењето со јаглероден моноксид, кој многу брзо го исполнува затворениот простор. Тој ги…

Повеќе

Министерството за образование и наука (МОН) најави засилени безбедносни мерки и поголем надзор во училиштата како одговор на неодамнешниот случај на врсничко насилство во општина Ѓорче Петров. Главната новина е враќањето на обврската за дежурства на наставниците за време на одморите. Министерката Весна Јаневска информираше дека веќе се испратени дописи до сите градоначалници и училишта. Наместо ученици, во ходниците и дворовите сега ќе мора да дежураат наставници. Целта на оваа мерка е наставниот кадар активно да ги следи случувањата во училишните простори и навремено да спречува евентуални инциденти меѓу учениците. „Тоа што се случило надвор од училиштето не е оправдување.…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,064 ден/кг и сега ќе изнесува 49,720 ден/кг.Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати…

Повеќе

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи (ОВР) Крушево синоќа приведоа две лица поради предизвикување општа опасност со употреба на огнено оружје за време на семејна прослава во селото Пресил. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 03.05.2026 година. Околу 21:20 часот, на семејна веселба во споменатото село, пријавените започнале да пукаат од огнено оружје, со што го нарушиле јавниот ред и мир и ја загрозиле безбедноста на присутните. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по завршување на истрагата. Од МВР апелираат граѓаните да се воздржуваат од употреба на огнено оружје на свечености, нагласувајќи…

Повеќе

Синоќа во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.М.(19), Ј.А.(18), М.Ј.(24), Е.А.(19), Н.Ј.(38) и тројца малолетници на возраст од 17-години, сите од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле уапсени постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот физички ги нападнале Д.М.(22) и нејзиниот сопруг Р.Р., кои биле заедно со нивните две малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Триесет и двегодишен скопјанец се бори за живот откако доживеал силен струен удар додека извршувал работни задачи во Куманово. Инцидентот бил пријавен вчера попладне, по што повредениот итно бил пренесен во болница. Според полицискиот извештај, несреќата се случила на улица „100“ во дворно место сопственост на кумановецот Д.Н. „Вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место“, информираат од СВР Куманово. По укажаната прва помош во локалните медицински установи, поради сериозноста на повредите, Б.К.…

Повеќе