Author: Author 04

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска ја потресе Србија. Според податоците на Републичкиот сеизмолошки институт на Србија (РСЗС), потресот е регистриран во 2:35 часот по полноќ во близина на Бездан. Како што соопшти РСЗС, интензитетот во епицентарот е проценет на шест степени од Меркалиевата скала. „Земјотресите со таа јачина можат да предизвикаат помали штети на зградите во епицентралното подрачје“, пренесува Радио-телевизија на Србија (РТС). Епицентарот бил лоциран помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, на самиот раб на резерватот „Горње Подунавље“. Потресот бил почувствуван во Сомбор, Апатин и Бездан, но и кај соседите во Хрватска и Унгарија. Граѓаните…

Повеќе

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, се наоѓа во дводневна работна посета на Брисел. Според партиското соопштение, тој остварува серија средби со претставници на европските институции и Европскиот парламент. Првиот ден од посетата помина во разговори со Емануел Жиофре од Европската служба за надворешна акција и Валентина Суперти од Директоратот за соседство и проширување (DG NEAR). Османи се сретна и со европратениците Лукас Мандл и Илхан Кјучјук. Денеска, агендата продолжи со средби во кабинетот на комесарката за проширување Марта Кос, како и со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец. Во фокусот на разговорите беше нарушувањето…

Повеќе

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче кажа дека „Бугарија не го негира идентитетот на Македонија“  и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебнмиците, покрај оспорувањето на јазикот, Филипче ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната…

Повеќе

ВЛЕН ја поздравува иницијативата за започнување на кампањата „Мај – Месец на Европа“, која има за цел процесот на европската интеграција да го приближи до граѓаните и да го направи поопиплив во секојдневниот живот, се наведува во соопштението од коалицијата.  „По тој повод, првиот заменик-премиер на Република Северна Македонија, Беким Сали, на состанок со амбасадори, меѓународни партнери и пријатели на земјата, истакна дека фокусот е насочен кон конкретните придобивки што ги носи Европската Унија, како што се повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија. ВЛЕН оцени дека ваквиот пристап, насочен кон видливи резултати, претставува нов…

Повеќе

Денешниот ден носи специфична енергија каде комуникацијата и внимателноста со кажаното ќе бидат клучни за сите хороскопски знаци. Еве што предвидуваат ѕвездите за денеска:

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемија за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 3,064 ден/кг и сега изнесува 49,720 ден/кг. Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на…

Повеќе

Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага, се наведува во соопштението на СДСМ.  „Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови. Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ден на ден. Граѓаните се оставени сами со празни фрижидери и празни џебови. Мицкоски и ВМРО-ОКГ: -одбиваат да го укинат ДДВ на храна, и да го намалат ДДВ на горивата на 5%, -одбиваат да…

Повеќе

Со серија настани и научни трибини, денеска во земјата се одбележува 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Празникот официјално се празнува од 2019 година, во чест на историското решение од 1945 година со кое македонската азбука стана официјално писмо. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, додека првиот правопис беше озаконет два месеци подоцна, на 7 јуни 1945 година. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ празникот ќе го одбележи со обраќања на директорката Елена Јованова-Грујовска, Кристина Николовска и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во рамки на настанот, научниот советник Борче Арсов ќе го одржи…

Повеќе

Најниска температура од 0 степени Целзиусови утрово во 7 часот е измерена во Берово, додека најтопло со 8 степени беше во Виница и Крушево. Според податоците на УХМР, во останатите градови се измерени: 2 степени во Битола, 3 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, додека 4 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Велес. Пет степени се измерени во Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип и Куманово, а 6 степени во Кавадарци, Гевгелија и Скопје-Зајчев Рид. Времето денеска ќе биде сончево и топло, со појава на умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер…

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.11.2025 во Казнено поправната установа Идризово, од страна на полициски службеници извршен е претрес врз пријавениот, кој е осудено лице, при што биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.

Повеќе