Close Menu
Press24
    Најново

    Нов пожар на Бит Пазар по оној во магацините – Гореше „Ауди“

    13.11.2026 во 08:37

    Трагедија: Скопјанец починал во поликлиниката Бит Пазар

    13.11.2026 во 08:31

    Денеска е празникот на шесте Христови апостоли – што означува овој ден и кои обичаи се поврзуваат со него

    13.11.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов пожар на Бит Пазар по оној во магацините – Гореше „Ауди“
    • Трагедија: Скопјанец починал во поликлиниката Бит Пазар
    • Денеска е празникот на шесте Христови апостоли – што означува овој ден и кои обичаи се поврзуваат со него
    • Невообичаено топло ноемвриско утро во Македонија, УХМР ги измери температурите – Од утре лош пресврт
    • Над 141 илјада Македонци имаат дијабетес – Голем процент од заболените во светот не знаат дека се болни
    • Малите раце градат голем град – Традиционална манифестација во Скопје
    • Ќе нема струја до 16:30 – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • Повеќе од 420 борци ги дадоа животите за слободно Скопје – Градот одбележува 82 години од ослободувањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    03.11.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 20 милиони трансакции биле реализирани преку платформата за интероперабилност во октомври, што го прави овој месец најуспешен досега според обемот на користење. Ова го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој посочи дека значително е зголемен и бројот на граѓани што ги користат електронските услуги.

    Според Андоновски, во просек дневно се реализираат околу 650.000 трансакции, наспроти приближно 700.000 на месечно ниво во текот на 2024 година. Тој нагласи дека растот се забележува и кај користењето на националниот портал за услуги, преку кој само во октомври услугите ги искористиле околу 300.000 граѓани.

    Министерот најави дека во текот на оваа недела се очекува да биде достапна и втората верзија на апликацијата, со дополнителни функционалности и подобрувања.

    Како што информираше, досега повеќе од 30.000 граѓани ја презеле и ја користат апликацијата, а очекува нејзината употреба дополнително да се зголемува со воведувањето нови електронски услуги.

    Андоновски ова го соопшти пред почетокот на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје.

    Осврнувајќи се на неодамнешната посета на Бон, каде што беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот рече дека значаен дел од разговорите биле посветени на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.

    Тој посочи дека за време на посетата се запознале со искуствата на Македонски Телеком, особено со работата на нивниот центар за сајбер-безбедност, кој обезбедува услуги за компании и клиенти во Европа и во светот.

    Според Андоновски, Владата работи на создавање услови за привлекување вакви инвестиции во земјава, како и за развој на домашни компании во областа на сајбер-безбедноста.

    Целта, како што нагласи, е да им се помогне и на малите и средните претпријатија да ги унапредат своите дигитални капацитети и да обезбедат поголема заштита од сајбер-закани.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Нов пожар на Бит Пазар по оној во магацините – Гореше „Ауди“

    13.11.2026 во 08:37

    Трагедија: Скопјанец починал во поликлиниката Бит Пазар

    13.11.2026 во 08:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.