Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум и пол отсто за наставниците во март

    23.11.2026 во 12:45

    Андоновски: Македонија напредува 16 места во индексот на ОН за дигитално управување

    23.11.2026 во 12:23

    Минусни температури утре и задутре, за викендот снег

    23.11.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум и пол отсто за наставниците во март
    • Андоновски: Македонија напредува 16 места во индексот на ОН за дигитално управување
    • Минусни температури утре и задутре, за викендот снег
    • ФОТО: Скандал во затвор во Македонија – Полицаец наместо да чува затвореници, продавал дрога
    • Заладување во Македонија – УХМР со временска прогноза за утрешниот ден
    • „Честитки, драг мој Тимчо“: Грчкиот министер со пофалби за напредокот на Македонија кон ЕУ
    • Македонија скокна 16 места на светската листа за дигитализација: Најавени нови услуги од МВР и ФЗО
    • Поскапува парното во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум и пол отсто за наставниците во март

    Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум и пол отсто за наставниците во март

    23.11.2026 во 12:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вклучувањето на зголемувањето на платите на наставниците е предвидено во буџетот. Тие во март ќе добијат најмалку седум ипол проценти покачување на платите, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Образованието на возрасните и доживотното учење – инвестиција во луѓето и иднината“, во организација на ЈУ Центар за образование на возрасни, што се реализира во Скопје.

    Јаневска истакна дека тоа што го ветиле – го остваруваат.

    Министерката беше прашана и зошто Владата сега се одлучува да ги намали блок дотациите за основните и средни училишта, за првпат од 2008 година, како и дали со ова се ризикува блокирање на сметки на одредени училишта и слично. Јаневска рече дека во образованието конечно мора да се средат одредени аномалии што постоеле.

    Таа додаде дека новата формула за праведно распределување на средствата води кон оптимизација на училишната мрежа. Се осврна на тоа дека затворени, односно биле фузирани 433 паралелки.

    • Притоа водевме сметка и во основно и во средно. Наставниците кои де факто нема да имаат доволен број на часови со спојување на паралелката, во основното да преминат во дневен престој, а во повисоките класови на основното, од шесто до деветто и во средно, да развиваат дополнителни активности во училиштата, што постојано го зборуваме, воннаставни активности, општествено корисна работа, внимание на талентирани, внимание на деца кои се во застој со учењето и да можеме овој процес за околу четири, максимум пет години, да го заокружиме – рече Јаневска.

    Таа повтори дека периодов не може да има примање на наставници.

    Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум ипол отсто за наставниците во мартЗатоа што образовниот систем во минатото служел како социјален систем. Го чувал социјалниот мир и згрижувал невработени наставници. Притоа никој не водел грижа за бројот на оние кои завршуваат одредени струки и кои се вработуваат. Конечно почнавме да го правиме тоа. Сметаме дека нема да има штета врз образовниот процес. Дополнително, општините покрај тоа што треба да водат сметка за бројот на ученици и бројот на наставници, треба домаќински да си ја водат општината. Тие имаат разни можности да им помогнат на училиштата, односно да ги развиваат училиштата во сопствената општина и конечно ние да влеземе во процес на конкуренција на училиштата меѓу различни општини, а не образовниот систем и понатаму да служи како социјална мерка во државата – рече министерката Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Македонија напредува 16 места во индексот на ОН за дигитално управување

    23.11.2026 во 12:23

    Минусни температури утре и задутре, за викендот снег

    23.11.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.