Парното поскапува за околу 7,5%. Како што и најави Директорот на регулаторната комисија за енергетика повисоки сметки од почетокот на идната година ќе добијат сите кои се загреваат на парно во главниот град.
Според одлуките од подготвителната седница одржана претпладнево, 7,5% поскапо парно ќе платат најголем дел од скопјани бидејќи поголемиот дел го снабдува ЕСМ Снабдување. Толку поскапо ќе биде и парното во Скопје Север каде топлината ја снабдува фирмата Енерџи кколинг. 7,2% поскапо парно ќе имаат граѓаните кои ги снабдува ЕСМ енергетика.
Недомаќинските потрошувачи треба да платат околу 13% поскапо парно.
Новите цени треба да се применуваат од први јануари откако претходно и официјално ќе бидат потврдени на седница на Регулаторната комисија за енергетика.
Оваа година во два наврати парното веќе поскапи за 11%.

