Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија

    23.11.2026 во 09:46

    Мицкоски најави нов закон: 20% попуст за купување на стан

    23.11.2026 во 09:41

    Празник посветен на учениците на апостол Павле: Што се прави денеска, обичаи за денешниот ден

    23.11.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија
    • Мицкоски најави нов закон: 20% попуст за купување на стан
    • Празник посветен на учениците на апостол Павле: Што се прави денеска, обичаи за денешниот ден
    • Малолетник преживеал ужас во Градски Парк во Скопје
    • ВМРО-ДПМНЕ по убиствата во Битола и Богданци: Да не дозволиме нови трагедии
    • Пациент си ја запалил постелата во болница, 15 лица повредени – Драма во Берлин
    • Дневен хороскоп: На три знаци им претстојат важни разговори, а еден треба да внимава на парите
    • Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија

    СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија

    23.11.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски нема сопствени идеи, туку ги презема политичките мерки и кампањи од српскиот претседател Александар Вучиќ, обвинува СДСМ во денешното соопштение.

    Од партијата реагираат на најавените мерки за младите, меѓу кои и ослободувањето од комунални трошоци за брачните двојки до 35 години, оценувајќи дека ваквото решение е дискриминаторско и отвора прашање зошто се опфатени само брачните двојки, а не и младите кои не се во брак.

    СДСМ прашува и зошто Мицкоски токму сега ги промовира овие мерки и дали станува збор за подготовка за претстојни избори. Од партијата прават паралела со политиките на Вучиќ во Србија, обвинувајќи ја власта дека ги презема неговите политички модели.

    Во реакцијата се посочува и најавата за увоз на 100.000 странски работници, при што СДСМ прашува како тоа се вклопува со владините политики за младите и нивната иднина во земјава.

    Партијата ја критикува и кампањата „Очи в очи за подобро“, оценувајќи дека станува збор за модел преземен од политичките активности на Вучиќ пред избори.

    Во соопштението СДСМ отвора прашања и за односите со Србија, состојбите со Алта банка, медиумските регулативи и улогата на одредени политички и бизнис-фигури во земјава.

    Од СДСМ упатуваат обвинувања за нетранспарентност околу Алта банка и најавеното нејзино спасување, а ја критикуваат и Владата за, како што велат, новите задолжувања и трошењето на јавните средства.

    „Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека власта нема сопствена политичка програма и дека се подготвува за избори.

    На крајот, од партијата ги повикуваат граѓаните да ја препознаат одговорноста на власта и порачуваат дека претстојните избори ќе бидат можност да го искажат својот став.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Празник посветен на учениците на апостол Павле: Што се прави денеска, обичаи за денешниот ден

    23.11.2026 во 09:37

    Малолетник преживеал ужас во Градски Парк во Скопје

    23.11.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.