31-годишен жител на тетовското село Челопек бил приведен и спроведен во затвор за издржување едногодишна казна.
Тој бил лишен од слобода на 22 ноември, околу 13:30 часот, во акција на полицијата од СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР.
Приведувањето било извршено врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.
По приведувањето, 31-годишникот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде ќе ја издржува казната.

