Close Menu
Press24
    Најново

    Македонија скокна 16 места на светската листа за дигитализација: Најавени нови услуги од МВР и ФЗО

    23.11.2026 во 11:42

    Поскапува парното во Скопје

    23.11.2026 во 11:14

    Направил две сообраќајки и избегал – Македонската полиција фати „мортус пијан” возач

    23.11.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија скокна 16 места на светската листа за дигитализација: Најавени нови услуги од МВР и ФЗО
    • Поскапува парното во Скопје
    • Направил две сообраќајки и избегал – Македонската полиција фати „мортус пијан” возач
    • Температури под нула и обилен дожд: Од утре голема промена на времето
    • Средба Муцунски – Орбан во Атина – Фокус на односите и европскиот пат на регионот
    • Семејно насилство во Македонија: Ги истепал малолетните деца и роднини на сопругата
    • ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани
    • Акција на македонската полиција: Маж ќе лежи во затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија скокна 16 места на светската листа за дигитализација: Најавени нови услуги од МВР и ФЗО

    Македонија скокна 16 места на светската листа за дигитализација: Најавени нови услуги од МВР и ФЗО

    23.11.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија бележи значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги и се искачи на 68. место во светот според Индексот за развој на е-влада на Обединетите нации за 2026 година. Тоа е скок од 16 позиции во споредба со 2024 година, кога земјата беше рангирана на 84. место, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Според него, ова е најдобриот пласман на државата од 2010 година и втор најдобар резултат во сите мерења на ОН од 2003 година.

    Индексот на Македонија пораснал од околу 70 на 78 поени, што, како што истакна Андоновски, претставува најголем раст во регионот во периодот од 2024 до 2026 година. Со тоа, земјата за првпат влегува во групата држави со многу високо ниво на развој на електронското управување.

    Министерот посочи дека напредок е забележан кај сите главни компоненти на индексот, а најголем кај човечкиот капитал, каде оценката се зголемила од 0,70 на 0,79. Подобрени се и резултатите поврзани со електронското учество на граѓаните, кое од 57 проценти во 2024 година достигнало 65 проценти годинава.

    Андоновски информираше дека на националниот портал uslugi.gov.mk во моментов се достапни 350 услуги, од кои дел се целосно електронски, а дел имаат информативен карактер.

    Во следниот период се очекува порталот да биде дополнет со десетина услуги од Министерството за внатрешни работи и околу 30 услуги од Фондот за здравствено осигурување. Целта е значителен дел од нив да бидат дигитализирани до крајот на годината.

    За следната година е најавена и можност граѓаните преку онлајн-форма на порталот да предлагаат кои административни услуги сакаат да ги користат по електронски пат.

    Паралелно, Министерството ќе продолжи со проектите за унапредување на дигиталните вештини во основните училишта. Предвидена е и теренска кампања за повозрасните граѓани, со едукативни средби во пензионерските клубови низ државата, во соработка со Министерството за социјална политика. Обуките ќе опфаќаат користење електронски услуги, дигитално банкарство и социјални мрежи.

    За следното мерење на Обединетите нации во 2028 година, Андоновски очекува Македонија да напредува за дополнителни 20 до 30 позиции, преку подобрување на дигиталната инфраструктура, поврзаноста, вештините на граѓаните и достапноста на електронските услуги.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Поскапува парното во Скопје

    23.11.2026 во 11:14

    Направил две сообраќајки и избегал – Македонската полиција фати „мортус пијан” возач

    23.11.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.